Белограден кос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белограден кос
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Дроздови
Род: Turdus
Вид: Белограден кос
Биномен назив
Turdus torquatus
Linnaeus, 1758

Белограден кос (науч. Turdus torquatus) е европска птица, член на фамилијата дроздови. Ова е планински вид, близок до обичниот кос, кој гнезди во карпести предели и каменоломи. Го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Возрасниот мажјак е целиот црн, освен белата дамка на градите и жолтеникавиот клун. Крилјата имаат сребреникав сјај поради белите рабови на пердувите. Тој ги пее своите гласни и меланхолични песни качен високо на некое дрво или карпа. Името го добил заради белата дамка на градите.

Женките се слични, но побледи, а младенчињата имаат кафени пердуви и немаат бела дамка на градите.

Овој вид за првпат е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae во 1758 под неговиот биномен назив.[2]

Однесување[уреди]

Белоградниот кос се размножува во повисоките региони на западна и централна Европа, а исто така и на Кавказ. Најголемиот број птици се преселници, презимувајќи на Медитеранот. Популацијата му се намалува, особено во Ирска.

Овој кос е територијален и обично сам или во двојка, иако мали јата може да формира при миграција. Вон сеозната на парење може да се сретнат повеќе птици заедно, особено на погодно место за исхрана, како што се овошни дрвца, често и со други дроздови. Се гнезди во грмушки или во карпи, несејќи неколку светлосини јајца просипани со кафеаво, во уредно гнездо во вид на чашка.

Исхрана[уреди]

Белоградниот кос е сештојад, хранејќи се со секакви инсекти, црви, мали ’рбетници, влекачи и бобинки.

Наводи[уреди]

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]