Белогаска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белогаска
Мажјак во сезона на парење
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Муварчиња
Род: Oenanthe
Вид: Белогаска
Биномен назив
Oenanthe oenanthe
(Linnaeus, 1758)

Белогаската (науч. Oenanthe oenanthe) е мала врапчевидна птица која порано беше сместена во фамилијата на дроздовите Turdidae, но сега е во фамилијата на муварчињата Muscicapidae. Таа е најраспространета птица од родот Oenanthe низ Европа и Азија. Ја има и во Македонија.

Оваа птица е преселница која поминува едно од најдолгите растојанија од околу 30.000 км. Се храни со инсекти, се размножува низ каменитите отворени предели во Европа и Азија, како и во североисточниот дел на Канада и Гренланд и во северозападниот дел на Канада и Алјаска. Гнезди во пукнатините на карпите и зајачките јами. Сите птици зимуваат во Африка.

Таксономија и систематизација[уреди]

Овој вид за првпат беше опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae во 1758 како Motacilla oenanthe.[2] Родовото име, Oenanthe, е исто така име на род растенија, кое потекнува од старогрчкото ainos - вино и anthos - цвеќе, од мирисот на цвеќето кое потсетува на вино.[3] Во случајот со птиците, името асоцира на тоа дека тие се враќаат во Грција напролет, токму кога лозите цветаат.[4]

Се издвојуваат следните подвидови:

  • номинираниот oenanthe
  • гренландскиот leucorhoa
  • Сибомовиот seebohmi
  • јужниот libanotica
  • критскиот virago
  • египетскиот rostrata

Опис[уреди]

Со перје вон сезона на парење

Белогаската е поголема од црвеногушката, со должина од 14.5 до 16 см. Двата пола имаат бел задник и опашка, со наопаку свртено Т црна шара на крајот од опашката.

Пердувите на мажјакот во сезоната на парење се сиви одозгора, со жолтеникав врат, црни крилја и маска на лицето. Наесен тој наликува на женката, освен со црните крилја. Женката, пак, е бледо кафеава одозгора, жолтеникава одоздола и има потемно кафеави крилја. Песната на мажјакот е свиреж со потпукнување. Повикот е типично разговорлив чек звук.

Однесување[уреди]

Преселба[уреди]

Мажјак во Исланд

Белогаската има една од најдолгите миграции од малите птици, поминувајќи океани, мраз и пустини.[5] Во пролет мигрира од под Сахара преку широка област до северната хемисфера која ги вклучува северна и централна Азија, Авропа, Гренланд, Алјаска и дел од Кнанада. [5] Наесен се враќаат во Африка, каде и нивните предци зимувале.[5] Веројатно, некои птици кои се размножуваат во северна Азија, зимуваат во јужна, но, сепак, нивната наследна склоност повторно ги враќа во Африка.[5]

Птиците од гренландската раса leucorhoa, вршат една од најдолгите миграции од врапчевидните. Минијатурните уреди за следење, неодамна покажаа дека тие имаат една од најдолгите миграции воопшто меѓу птиците од 30.000 км.[6]

Статус[уреди]

Белогаската има широк опсег од околу 2.3 милиони км² и популација од 2.9 милиони индивидуи вкупно. Според Црвената листа се смета за вид со најмала загриженост.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Oenanthe oenanthe. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106006696. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. (латински) Linnaeus, C (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.“. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 186. „M. dorso cano, fronte alba, oculorum fascia nigra“ 
  3. „Dropwort, Hemlock Water“. „A Modern herbal“. Botanical.com. http://www.botanical.com/botanical/mgmh/d/drophe21.html. конс. 5 февруари 2008. 
  4. „Northern Wheatear“. eNature. http://www.enature.com/flashcard/show_flash_card.asp?recordNumber=bd0637. конс. 5 февруари 2008. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Elphick, Jonathan, уред (1995). „Atlas of Bird Migration“. New York: Random House. ISBN 0-679-43827-0. 
  6. "Tiny songbird northern wheatear traverses the world" by Victoria Gill. BBC Nature 15 February 2012.[1]

Надворешни врски[уреди]