Белејски замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белејскиот замок
Задниот дел од замокот ноќе

Белејскиот замок (фр. Château de Belœil) е замок (шато) во местото Белеј во покраината Ено, Белгија. Ова бил домот на кнезовите од семејството Лињевци уште од XIV век. Замокот стои среде величествена барокна градина изработена во 1664 г. Посетители се примаат на пролет и лето.

Историја[уреди]

Во 1394 г. Белеј им припаднал на Лињевците, и во почетокот на од XV век локалниот замок бил избран за нивна резиденција. Стариот замок бил утврдено правоаголно здание обиколено со шанец и имал четири кули на аглите. Овој основен облик е зачуван до денес, со тоа што фасадите и внатрешноста претрпеле големи промени во текот на наредните векови.

Во XVII и XVIII век утврдениот замок бил пренаменет во луксузен велепоседнички дом (шато) по примерот на француските благородници.

Во 1664 г. се започнати градините, со великолепен парк, прави дрвореди, геометриски езерца и импозантни глетки. Карактеристичната градина од типот „боскет“ - надворешни простори оградени со висока жива ограда е зачувана до денес, и покрај темелнните промени на вкусовите во текот на XVIII и XIX век кога биле во мода англиските пејзажни градини. Во непосредна близина на замокот стои „рушевина“, изградена по барање на прочуениот кнез Шарл-Жозеф де Лињ.

Одаите се раскошно наместени со разна покуќнина и семејни збирки од уметнички дела. За време на новогодишната прослава во 1900 г. замокот се запалил и изгорел до темел. За среќа, спасувачите успеале да ја изнесат речиси сета покуќнина, библиотеката со 20.000 ретки книги и уметнички дела. Во текот на следните години замокот бил одново изграден од францускиот архитект Ернест Сансон, а ентериерите богато украсени со најубавите дела од уметничката збирка на Лињевците.

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]