Балхашко Езеро
| Lake Balkhash Балқаш Көлі Озеро Балхаш |
|
|---|---|
|
|
|
| Местоположба | Казахстан |
| Координати | 46°10′N 74°20′E / 46.167°N 74.333°EКоординати: 46°10′N 74°20′E / 46.167°N 74.333°E |
| Тип | природно, вулканско |
| Главен прилив | Или, Каратал, Аксу, Лепси, Бјан, Капал, коксу |
| Земји во сливот | Казахстан 85% Кина 15% |
| Макс. должина | 605 km (376 mi) |
| Макс. ширина | East 74 km (46 mi) West 19 km (12 mi) |
| Прос. длабочина | 58 m (190 ft) |
| Макс. длабочина | 26 m (85 ft) |
| Водна зафатнина | 106 cu mi (
440 km3) |
| Надм. височина на површината | 3.414 m (11,200 ft) |
| Замрзнато | Од ноември до март |
Балхашко езеро (казашки: Балқаш Көлі, Balqaş köli, руски: Озеро Балхаш) езеро во пустинските степи на источен Казахстан. Површината на езерото изнесува 18,428 km². Балхашкото езеро има издолжен облик сличе на полумесечина. Јужниот брег на езерото е со многу мали острови и полуострови. Просечната длабочина на езерото изнесува 5,8 метри, додека пак максималната изнесува 26 км. Езерото е поделено на два дела: источен и западен дел кои се поврзани со каналот Узун-Арал со ширина од 4,5 километри. Источниот дел на езерото е подлабок и со помала соленост (> 7%), додека пак западниот дел има помала соленост (0,5-1,5% сол) и не зависи од промената на нивото на езерото. Разликата во соленоста е последица на раликата во бројот на притоките и ограничената размена на вода помеѓу неговите делови. [1]
Најголем град на бреговите на езерото е Балхаш. Главни притоки се реките Или и Каратал. Околу 15% од површината на ова езеро припаѓа на територијата на Кина. Најголемиот дел на вода во езерото доаѓа со топењето на снегот од планината Синкјанг.
Исто како и Аралското Езеро, така и Балхашкото Езеро е во опасност од пресушување. Во двата случаи причината е употребата на водата за наводнување на полињата со памук. Оваа пракса е започната во 1960-те во времето на СССР.
[уреди] Наводи
- ↑ World Lake Database: Балхашкото Езеро, 2. април 2008.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Балхашко Езеро“ |