Ацо Андонов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ацо Андонов
Роден(а)14 декември 1951(1951-12-14)
Скопје, Македонија
Починал(а)12 ноември 2009(2009-11-12) (возр. 57)
Скопје, Македонија
Жанровинародна музика
Занимањапејач
Инструментикларинет

Ацо Андонов (14 декември 1951ноември 2009) — македонски пејач на македонска народна музика.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ацо Андонов е роден во главниот град на НР Македонија, Скопје. Основно и средно училиште завршува во Скопје. Тој со музика започнува да се занимава на млада возраст од својата 15 година, на аудиција во МРТ. Негов ментор бил Мате Груевски, којшто го научил да свири на кларинет. Има настапувано во дијаспората, низ СФР Југославија, има светски турнеи во Франција, Белгија, Шведска, Германија, Австралија, Италија и др. Земал учество на многу домашни фестивали како што се: фестивалот на македонски патриотски песни, Гоце Фест, Фолк Фест Валандово. Учествувал и на многу хуманитарни настапи. Има снимано песни за МРТ, Југотон, Кроација Рекордс. Има настапувано и со оркестарот „Весела Дружина“ на Смолски како инструменталист и кларинетист.

Творештво[1][уреди | уреди извор]

  • Ајде камен Јано
  • Збогум најмила
  • Во една пролет
  • Три години тајно љубев
  • Како што е таа чаша

Музички компилации[уреди | уреди извор]

  • Гоце фест -1998 (3)
  • Гоце фест -1995 (2)
  • Гоце фест - 1994 (1)
  • Фолк фест Валандово - 1992 (3)
  • Фолк фест Валандово - 1987 (2)
  • Фолк фест Валандово - 1986 (1)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Профил на Ацо Андонов“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-05-23.