Атласка мечка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Атласка (Берберска) мечка | |
|---|---|
| Најверојатно Атласка мечка, претставена во мозаик | |
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Ursidae |
| Род: | Ursus |
| Вид: | Ursus arctos |
| Триномен назив | |
| Ursus arctos crowtheri Schinz, 1844 |
|
Атласката мечка (Ursus arctos crowtheri) позната и под името Берберска мечка е под-вид на кафеавата мечка, но сепак понегогаш се смета како различен вид. Оваа е едниствената мечка која живеела во Африка. Мечката можела да се сретна на планината Атлас и во околните региони, од Мароко до Либија. Денес се смета дека оваа мечка е изумрен вид. Илјадници мечки од овој под-вид биле ловени поради спорт, но и употребувани за казнување криминалци за време на ширењето на римската империја во Северна Африка.
Некои научници сметаат дека животното сѐ уште е присутно во источна Африка и дека е изворот на криптидот познат како „нанди мечка“. Сепак овие тврдења се исклучени од биогеографијата.
Според описи од 18ти и 19ти век, овие мечки биле помали од обичните кафеави мечки, но со посплескана муцка и крзно кое било со скоро црна боја.
Кралот на Мароко поседувал вакви мечки, и подарил една во 1830 на зоолошката градина во Марсеј. Оваа мечка е последната мечка која била проучувана од научниците. Последната индивидуа се смета дека била убиена од ловци во 1870тите на планината Тетуан во северно Мароко.
Наводи [уреди]
- (француски) Hamdinea, Watik; Thévenotb, Michel; Michaux, Jacques (1998). „Histoire récente de l'ours brun au Maghreb“ (на French). „Comptes Rendus de l'Académie des Sciences“ 321 (7): 565–570. doi:.