Гобиска мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гобиска мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus arctos
Триномен назив
Ursus arctos gobiensis

Гобиската мечка (Ursus arctos gobiensis) е под-вид на кафеава мечка која живее во пустината Гоби во Монголија. Денес се оначени како многу редок вид и исто така претставуваат загрозен вид. Популацијата на овие мечки се проценува на околу 30 единки.

Гобиските мечки се срамежливи животни кои избегнуваат било каков контакт со човекот. Како и останатите мечки и овие се омнивори. Се разликуваат од останатите варијанти на кафеава мечка по подолгите екстремитети и златната нијанса на нивното крзно. Имаат должина од 1,5 метри и тежат помеѓу 90 и 100 килограми. Се смета дека оваа популација е останата од времето кога немало толку сурови климатски услови во овие региони.


Извори[уреди]