Бергманова мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бергманова мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus arctos
Триномен назив
Ursus arctos piscator
(Bergman, 1920)


Бергмановата мечка (Ursus arctos piscator) е најверојатно исчезнат под-вид на кафеавата мечка која живеела на полуостровот Камчатка. Ова животно било идентификувано и класифицирано од шведскиот биолог Стен Бергман во 1920 година[1].

Бергман открил дека ова е посебен под-вид при проучување на кожа (која имала крзно поинакво од останатите мечки во регионот) и серија од отисоци кои било доста поголеми од отисоците на останатите мечки кои живеат на Камчатка.

Некои сметаат дека студената војна помогнала во зголемувањето на популацијата на овие мечки, бидејќи советската војка забранила пристап на просторот на кои живееле овие мечки[1].

Интересот за оваа мечка е зголемен во 60тите години на 20тиот век. Ловецот Родион Сивоболов пријавил изјави од локалното население, кои укажувале на невообичано огромна мечка која ја нарекувале „Иркуием“ или „мечка-бог“ (поради големината).

На основа на описите од Сивоболов, биологот Н.К. Вершчагин предложил дека оваа мечка може да биде Arctodus simus, вид на огромна мечка кој е исчезнат. Оваа идеја не била прифатена во научните кругови поради неколку причини: Arctodus simus никогаш не бил најден на друг континент освен Америка и спаѓа во Tremarctinae кои се разликуваат од класичните мечки (Ursinae).


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Gable, Andrew (2008), „Бергманова мечка, http://www.cryptozoology.com/cryptids/godbear.php, конс. 28 мај 2008