Атанас Михаjлов (учител)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Михајлов
Роден 1867
Бобишта, Костурско, Егејска Македонија
Починал 11 мај 1933
Пловдив, Бугарија

Атанас Михајлов Калиманов — македонски просветен деец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Михајлов со учителки и ученички од женското училиште во Битола

Михајлов е роден во 1862[1] или 1867 г. во селото Бобишта, Костурско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Во 1889 година ги завршил педагошките курсеви во Солунската егзархиска машка гимназија[2], а потоа завршува педагошки курсеви и во Загреб. Долго време бил учител низ Македонија. Бил директор на гимназии во Скопје, Битола и Солун. Предавал психологија и практика во Скопското егзархиско педагошко училиште. Во 1909 година бил уапсен од властите и осуден на 2 години затвор поради говор кој го одржал на погребот на војводата Васил Аџаларски во Скопје.[3]

Во 1910-1911 и 1912-1913 година предавал во Солунската егзархиска женска гимназија.[4] По Втората балканска војна предавал во Ѓумурџинската гимназија. По Првата светска војна, предавал во Пловдивската духовна семинарија. Татко е на Димитар Михајлов, деец на Македонскиот младински сојуз.[5][6]

Тој бил убиен во Пловдив на 11 мај 1933 година од противници на крилото на Ванчо Михајлов[7], а подоцна бил погребан во Софија.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Танчев, Иван (2001). „Македонският компонент при формирането на българската интелигенция с европейско образование (1878 – 1912)“. Македонски преглед (3. изд.). XXIV: 55.
  2. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 109.
  3. Дебърски глас, година 1, брой 37, 11 декември 1909, стр. 3.
  4. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 155.
  5. 5,0 5,1 „Парцел 34“. София помни. Посетено на 2024-01-29.
  6. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 173 – 174.
  7. Михайловъ, Иванъ (1973). Спомени IV. Освободителна борба 1924 – 1934 г. (продължение) (PDF). Western Newspaper Publishing Co., Inc. стр. 813–814.