Арапаима
Од Википедија
| Арапаима | ||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Конзервациски статус | ||||||||||||||||
| Научна класификација | ||||||||||||||||
|
||||||||||||||||
| Биномна номенклатура | ||||||||||||||||
| Arapaima gigas (Schinz, 1822) |
Апараимата, позната и како пираруку или паихе (Arapaima gigas) е јужноамериканска тропска слатководна риба. Таа е една од најголемите слатководни риби во светот.
[уреди] Анатомија и морфологија
Арапаимата може да достигне должина и повеќе од 2 m, а во некои исклучителни случаи и повеќе од 2,5 m и преку 100 kg. Најчесто наведуваната максимална должина од 4,5 m доаѓа од еден извештај од првата половина на деветнаесеттиот век, но ова не е потврдено. Најголема телесна тежина која досега е пријавена за оваа риба е 200 kg.
Апараимата е најголемата слатководна риба. Таа често се лови од страна на населението во Јужна Америка како храна.
[уреди] Екологија
Храната на апараимата се состои од риби, ракчиња и други мали животни. Оваа риба дише воздух, користејќи го својот рибен меур, кој е богат со крвни садови и се отвора во устата на рибата,[2] што е предност во води сиромашни со кислород, каква што е реката Амазон. Според ова, рибата е способна да преживее во плитки води со количина на растворен кислород ниска и до 0,5 ppm.
[уреди] Наводи
- ↑ World Conservation Monitoring Centre (1996). Arapaima gigas. Црвена листа на МСЗП на Загрозени видови од 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 13 март 2009. Базата на податоци вклучува малку информации за тоа зошто за овој вид се знае толку малку.
- ↑ Ferraris, C.J. (2003). „Family Arapaimatidae“. in Reis, R.E., Kullander, S.O., Ferraris, C.J.. Check List of the Freshwater Fishes of South and Central America. Porto Alegre, Brazil: EDIPUCRS. стр. 582-588.