Коскојазични риби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коскојазични риби
Арапаима (Arapaima gigas)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Наткласа: Osteichthyes
Класа: Actinopterygii
Поткласа: Neopterygii
Инфракласа: Teleostei
Надред: Osteoglossomorpha
Greenwood, Rosen, Weitzman & Myers, 1966
Редови

Hiodontiformes
Osteoglossiformes
и видете во текстот.

Коскојазичните риби, односно надредот Osteoglossomorpha, сочинуваат група на коскени риби во рамките на телеостеите. Кај повеќето претставници, поголем број од забите се сместени на јазикот и на горниот дел од устата. Еден позначаен член на овој надред е арапаимата (Arapaima gigas), најголемата слатководна риба во Јужна Америка, како и една од најголемите коскени риби воопшто. Други интересни претставници се слатководните мормириди (Mormyridae).

Систематика[уреди]

Примерок на примитивната булдог риба Allothrissops.

Повеќето еволутивни линии на коскојазични риби се изумрени. Само некои, како Osteoglossiformes и два вида на месечеви ока (Hiodontiformes), опстануваат и денес.[1]

Основни и incertae sedis (изумрени)

Ред Ichthyodectiformes Bardeck & Sprinkle, 1969булдог риби (изумрени)

Ред Hiodontiformes

Ред Osteoglossiformes

Фусноти[уреди]

  1. Видете ги наводите во Haaramo (2008)

Наводи[уреди]