Александар Везенков-Косарин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александaр Везенков
Роден 9 декември 1867
Крушево
Починал 1918

Александар Петрович Везенков-Косарин (роден во Крушево, 9. XII 1867) - драмски уметник, син на Петар, братoт на Стојан Везенков, и братучед на Владимир Везенков. Студирал во Москва и Одеса (1891–95). Како соработник на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и поборник за независна македонска држава, од името на „македонските автономисти“, полемизира со руските словенофили, и е потписник (покрај Димитрија Чуповски, Наце Димов и Гаврил Константинович[1]) на Меморандумот на Македонските народници од декември 1913 г., испратен до Лондонската мировна конференција по повод новото тројно ропство во Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]