Авгански дневници
Авгански дневници е книга од Ана Пејчинова, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Авторката Ана Пејчинова е родена 1973 година во Скопје. Работела во Авганистан во мисиите на ООН и УСАИД и оттаму произлегуваат записите за Авганистан, сместени меѓу кориците на книгата, а кои првобитно се објавени на блог.[2]
„Кога првпат ги видов одблиску пустините на Авганистан, ми ги зедоа очите. Непрегледни, цврсти... празни. Толку празни, што нивната празнина биеше во очи помоќно од секакво присуство“ - вели Пејчинова. [3]
[уреди] Наводи
- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Ана Пејчинова - лична страница. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Afghan Journals - блогот на Пејчинова. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
| Книги од изданието Блог-записи |
|
Археолошки дневник • Мртвите херои на нашата иднина • No friends no family • Авгански дневници • Последниот македонски хакер • Патот на душите • Светлата страна на готиката • Мисли на празно срце • Пуфлините коцкички • Не е сè како што изгледа • Од CABARET до OZ • Анти-блог за Филип Петровски • Мајмунска стапица • Кога нема ништо • |
- Блогот на Ана Пејчинова - блог од кој се вклучени постовите во книгата