Патот на душите
Патот на душите е книга од македонската блогерка Виолетова, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинското име на авторот е Снежана Штрковска, родена 1966 година. Книгата содржи раскази, патеписи, размислувања на тема свесност и постоење, како и повеќе текстови кои се однесуваат на препорака на одредени наслови на книги.
„На терасата стоеше Тој. Насмеан. Имаше сиво-плава боја на кожата, имаше две очи, две уши, коса, уста, мал нос... врат, тело, две раце и две нозе. Имаше сè што треба да има човечко суштество од Земјата, само што Тој не беше од оваа планета. Се насмевна и ми испрати пријатни вибрации, а јас се израдував - конечно средба со вонземјанин. Не беше многу висок за машко.“ [2]
[уреди] Наводи
- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Патот на душите, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-09-8
| Книги од изданието Блог-записи |
|
Археолошки дневник • Мртвите херои на нашата иднина • No friends no family • Авгански дневници • Последниот македонски хакер • Патот на душите • Светлата страна на готиката • Мисли на празно срце • Пуфлините коцкички • Не е сè како што изгледа • Од CABARET до OZ • Анти-блог за Филип Петровски • Мајмунска стапица • Кога нема ништо • |
- Блогот на Виолетова - блог од кој се вклучени постовите во книгата
