Археолошки дневник
Од Википедија
Археолошки дневник е книга од македонската блогерка Arwena, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинско име на авторот е Василка Димитровска, дипломиран археолог. Во својата книга таа го оживува мртвиот свет на археологијата, давајќи прикази на пештерните цркви, Скопското Кале, Цоцев Камен, менхири, трилити, кромлиња и др.
„Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа драги мои блогери, и попатни минувачи низ овој блог... треба да бидеме внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази.“ - вели Димитровска. [2]
[уреди] Референци
- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Археолошки дневник, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-03-6
| Книги од изданието Блог-записи |
|
Археолошки дневник • Мртвите херои на нашата иднина • No friends no family • Авгански дневници • Последниот македонски хакер • Патот на душите • Светлата страна на готиката • Мисли на празно срце • Пуфлините коцкички • Не е сè како што изгледа • Од CABARET до OZ • Анти-блог за Филип Петровски • Мајмунска стапица • Кога нема ништо • |
- Археолошки дневник - блог од кој се вклучени постовите во книгата
[уреди] Надворешни врски
- Археолошки дневник vol.2 - официјална веб страница
- Arheoblog - блог на англиски јазик

