Последниот македонски хакер
Последниот македонски хакер е книга од македонскиот блогер С.Ц., издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинско име на авторот е Дејан Велкоски, роден 1983 година, студент на Филолошки факултет. Ова збирка раскази е второобјавена книга на Велкоски.
„А колку само добар хакер беше. Хакна во еден од најдобро обезбедените системи на планетава. Успеа да провали во заедничкиот пропагандно-предаторски систем на Грција, Бугарија, Србија и пошироко... И им покажа среден прст на сите одделно и јасно им ја артикулираше пораката „ебете си мајката, јас сум Македонец!!“ [2]
[уреди] Наводи
- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Последниот македонски хакер, Скопје:2008; ISBN 978-9989-2398-7-8
| Книги од изданието Блог-записи |
|
Археолошки дневник • Мртвите херои на нашата иднина • No friends no family • Авгански дневници • Последниот македонски хакер • Патот на душите • Светлата страна на готиката • Мисли на празно срце • Пуфлините коцкички • Не е сè како што изгледа • Од CABARET до OZ • Анти-блог за Филип Петровски • Мајмунска стапица • Кога нема ништо • |
- Пишуванки - блог од кој се вклучени постовите во книгата
[уреди] Надворешни врски
- Баба ми Трајанка - Блог на С.Ц.
- Баба ми Трајанка 4.0 - Уште еден блог на С.Ц
