Џони Хајес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џони Хајес

Џон („Џони“) Џозеф Хајес (10 април 1886 - 25 август 1965) бил американски атлетичар и контроверзниот победник на маратонот на Летните олимписки игри - 1908 одржани во Лондон.

Џони Хајес се родил во Њу Јорк. На маратонот во Бостон во 1908, тој завршил втор, веднаш зад Томас Мориси и со тоа се пласирал на Олимписките игри истата година.

На игрите во Лондон, Хајес завршил втор, зад Дорандо Пјетри, но делегацијата на САД се побунила поради стигнувањето на целта на Пјетри со помош на двајца официјалци што не било по негова желба, па бил неправедно дисквалификуван, па Хајес го освоил златниот медал.

На 25 ноември 1908, на маратонот во Њу Јорк, Хајес загубил во двобој со Дорандо Пјетри, а истото се случило и на сличната трка одржана на 15 март 1909 година.

Џони Хајес бил тренер на Олимпискиот тим на САД на Летните олимписки игри - 1912 одржани во Стокхолм. Потоа предавал физичко воспитување и продавал храна.