Дорандо Пјетри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дорандо Пјетри

Дорандо Пјетри, а често неговото презиме се среќава и како Петри (16 октомври 1885 - 7 февруари 1942) бил италијански атлетичар познат по неговата контраверзна дисквалификација на неколку чекори од целта на маратонот на Летните олимписки игри - 1908 одржани во Лондон.

Роден е во Кореџо, родното место на славниот ренесансен сликар Антонио Алегри да Кореџо. Во 1907 година Пјетри станал шампион на Италија во атлетика на долги патеки. Негови главни дисциплини биле од 5000m, па сè до маратонот.

Летни олимписки игри - 1908, Лондон[уреди | уреди извор]

За Летните олимписки игри - 1908 во Лондон, Дорандо Пјетри се подготвувал во брзо темпо. Во трката во Карпи во должина од 40 км, тој поставил одличен резултат од 2 часа и 38 минути.

На игрите во Лондон бил главниот негов предизвик. На 24 јули, доста топол летен ден за британски услови во 14:33 започнал маратонот во должина од 42 км 195m. Тоа била првата маратонска трка со оваа должина која во 1921 година била официјално признаена како должина на една маратонска трка.

Пјетри започнал со послабо темпо, но во вториот дел од трката моќно забрзал и по истрчаните 32 км бил 4 минути зад водечкиот Јужноафриканец Чарлс Хеферон. Во 39-от километар, Дорандо го презел водството.

Дорандо Пјетри на целната линија од маратонската трка

На 2 километри од целта, Пјетри започнал да ги чувствува ефектите од дехидратацијата предизвикана од неговите големи напори. Тој на стадионот влегол во несвесна состојба и тргнал по погрешен пат. Тој паднал за првпат, а потоа уште неколкупати пред зачудените 75.000 гледачи на стадионот, но сепак се насочил по правиот пат кон целта. На неколку метри од целта двајца официјалци му помогнале да ја помине целта.

На Пјетри му биле потребни 10 минути за да ги истрча последните 350m. Неговото време на целта било 2:54:46. Втор завршил американецот Џони Хајес. По трката американската делегација протестирала за помошта и Дорандо Пјетри бил неправедно дисквалификуван.

Сепак, кралицата Александеа му доделила сребрен пехар којшто бил предложен од писателот Артур Конан Дојл како награда за почесната победа.

Меѓународната слава[уреди | уреди извор]

Дорандо Пјетри станал популарен и славен низ целиот свет. Композиторот Ирвинг Берлин во негова чест составил песна со нсалов „Дорандо“. На 25 ноември 1908 во Њујорк била организирана трка помеќу Пјетри и Хајес на којашто победил Пјетри, а на сличниот настан на 15 март 1909 резултатот бил ист. Дорандо победил на 17 од 22 трки за време на неговиот престој во Америка.

Пјетри се вратил во Италија во мај 1909 и продолжил да се натпреварува и во нарединте 2 години. Последниот маратон го истрчал во Буенос Аирес на 11 мај 1909 на којшто го остварил најдоброто лично остварување од 2:38:48,2.

„Последната“ трка Пјетри ја истрчал во Парма на 3 септември 1911 во должина од 15 км на која победил. Но, повторно се вратил да се натпреварува и на неговата дефинитивно последна трка која што ја истрчал во Гетеборг во октомври 1911 повторно победил. Со тоа Пјетри ја завршил својата тригодишна атлетска кариера на само 26 години. За време на кратката професионална кариера, Дорандо ефикасно го искористил времети , а заработил 200.000 лири.

Овие пари, тој ги вложил во хотел којшто го отворил неговиот брат, но наскоро банкротирал по што се преселил во Санремо каде што бил директор на автомеханичарски сервис.

Дорандо Пјетри умрел во Санремо на 7 февруари 1942 година на 56 години.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]