Џејмс МекКлин
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 22 април 1989 | ||
| Роден во | Дери, Северна Ирска | ||
| Висина | 1,80 м | ||
| Положба | крило | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Сандерленд | ||
| Број | 23 | ||
| Младинска кариера | |||
| ФК Институт | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2007 | ФК Институт | 1 | (0) |
| 2008–2011 | Дери Сити | 73 | (18) |
| 2011– | Сандерленд | 23 | (5) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2009-2010 | Северна Ирска 21 | 7 | (0) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 12 јануари 2011. † Appearances (Goals). |
|||
Џејмс МекКлин(англиски: James McClean) е ирски фудбалер роден во Северна Ирска кој моментно игра за англискиот Премиер лигаш Сандерленд. Играч е од средината на теренот по крилните позиции. Тој играше за младата репрезентација на Северна Ирска до 21-на година, но за своја сениорска репрезентација ја избра селекцијата на Репубулика Ирска.
Кариера [уреди]
Во својата кариера МекКлин играл за тимовите на ФК Институт во Северна Ирска и Дери Сити во Република Ирска пред да стигне во Сандерленд во август 2011-та година. Тој потпишал за Сандерленд кога на клупата бил менаџерот Стив Брус, но се додека тој бил водич на клубот, МекКлин не запишал ниту еден меч. Откако Брус бил отпуштен, и на неговото место дошол новиот менаџер Мартин О'Нил, МекКлин доби шанса да дебитира во Премиер лигата и станал редовен член во првиот тим на црните мачки. Тој дебитирал за Сандерленд на 11 декември 2011 против Блекбурн, во првиот натпревар на Мартин О'Нил како менаџер на овој клуб. Својот прв гол во Премиер лигата за Сандерленд тој го постигнал на 3 јануари 2012 против Виган Атлетик во победата нагости со 4:1. Нешто подоцна, МекКлин го постигнал единствениот гол во мечот со Стоук Сити на Британија во снежни услови за да донесе победа за неговиот тим од 1-0. Само една недела подоцна тој го отворил резултатот и во натпреварот против Арсенал, откако Пер Мертезакер лошо згазнал и самиот се повредил, но сепак Сандерленд на крајот загубил со 1-2.
Надворешни врски [уреди]
- James McClean profile профил на Џејмс МекКлин на soccerway
|
|||||