Џена Ортега

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џена Ортега
Jenna Ortega smiling against a purple background
Џена Ортега во 2022
Роден(а)Џена Мари Ортега
27 септември 2002(2002-09-27)(21 г.)
Палм Дезерт, Калифорнија, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период2012–денес

Џена Мари Ортега (англиски: Jenna Ortega; родена на 27 септември 2002) — американска глумица. Почнала да глуми уште како дете, а се истакнала со нејзината улога на младата Џејн во хумористичната серија, Девицата Џејн (2014-2019). Се пробила со улогата на Харли Дијаз во Дизниевата серија „Заглавени во средината “ (2016-2018), која во 2018 година ѝ ја донела наградата „Имиџен“ за „Најдобра млада глумица на телевизија“. Таа, исто така, го позајмила гласот на принцезата Изабела во анимираната серија Елена од Авалор (2016-2020).

Ортега ја почна својата транзиција кон телевизијата глумејќи како Ели Алвес во трилер серијата на Нетфликс „Ти“, а потоа глумела во филмовите на Нетфликс „Бејбиситерка 2: Убиствена кралица“ (2020) и „Ден за да“ (2021). Таа била пофалена од критиката за нејзината глума во тинејџерската драма Последици (англ. The Fallout; 2021). Потоа се појавила во филмовите на ужасите Студио 666 и Х (и двата во 2022 година); истата година ја играла Тара Карпентер во филмот Вресок 6 (2022) и за нејзината улога на „Филмските и телевизиски награди на MTV“ ја добила наградата „Најзастрашувачка изведба“. Таа го позајмила гласот на Бруклин во анимираната серија на Нетфликс, Паркот Јура: Светскиот камп Креда (2020-2022). Исто така во 2022 година, Ортега започнала да ја глуми Среда Адамс во хорор-комедијата Среда, за која добила номинации за: „Златен глобус за најдобра глумица“, „Награда „Еми“ за серија во ударен термин“ и награда од Друштвото на филмски глумци за „Најдобра глумица во хумористична серија“.

Освен по актерството, Ортега се истакнува и со нејзината филантропија, како и со нејзиниот јавен имиџ. Таа била на врвот на списокот од PopSugar „20 Under 20“ во 2020 година. Во 2022 година, била прогласена за „Следното големо нешто“ од Холивуд Репортер и била етаблирана како кралица на крикот. Таа е позната и по нејзиниот активизам за ЛГБТ права и против дискриминација.

Детство[уреди | уреди извор]

Џена Ортега е родена на 27 септември 2002 година[1] во Палм Дезерт, Калифорнија,[2] [3] како четврто од шесте деца на нејзините родители. [4] Татко ѝ има мексиканско потекло, а мајка ѝ има мексиканско и порториканско потекло.[5] Поради нејзината кариера, Ортега „навистина не живеела нормален начин на живот“ и изрази жалење што го пропуштила традиционалното средношколско искуство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sangster, Ella (December 8, 2022). „Everything You Need to Know About Wednesday[[:Предлошка:'s]] Jenna Ortega“. Harper's Bazaar Australia. Архивирано од изворникот на March 20, 2023. Посетено на August 23, 2023. URL–wikilink conflict (help)
  2. „Jenna Ortega“. TV Guide (англиски). Архивирано од изворникот на August 24, 2023. Посетено на August 23, 2023.
  3. Bahr, Sarah (November 23, 2022). „Jenna Ortega Knows What Wednesday Addams Wants“. The New York Times (англиски). Архивирано од изворникот на August 23, 2023. Посетено на August 23, 2023.
  4. „Disney Channel - Stuck in the Middle - Bios“. DisneyABCPress. Архивирано од изворникот на May 1, 2016. Посетено на April 21, 2016.
  5. Ward, Fiona (December 13, 2022). „Jenna Ortega Is Going to Be Everywhere in 2023 – Here's Everything You Need to Know About the Wednesday Star“. Glamour UK. Архивирано од изворникот на October 8, 2023. Посетено на September 3, 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]