Љубљаница
| Љубљаница | |
Љубљаница низ Љубљана |
|
| Извор | Ретовје Љубија |
|---|---|
| Устие | Подград |
| Земји во сливот | Словенија |
| Должина | 41 км |
| Прос. истек | 25 м³/сек (изворот близу Врхника), 55 м³/сек (одливот кај Мосте) |
| Сливно подрачје | 1.779 км² |
Љубљаница (словенечки: Ljubljanica) е река во Словенија која тече низ главниот град Љубљана. Се издига на југ сè до местото Врхника и се влива во реката Сава околу 10 км низводно од Љубљана.
Љуљбаница претставува продолжение на неколку карстни реки што течат од Президско Поле со Врхника на површината и под земја во пештери, па на реката поетски ѝ се даваат шест имиња: Трбуховица, Обрх, Стржен, Рак, Пивка, Уница и Љубљаница.
Содржина |
[уреди] Историска важност
Љуљбаница е популарен археолошки локалитет како за археолозите, така и за дивите копачи кои нуркаат во неа во потрега на изгубени артефакти од дамнешни времиња. Во текот на реката помеѓу Љубљана и Врхника изобилува со наоди од Каменото време до времето на Ренесансасо артефакти од древни локални култури, па сè до попознатите како Римјаните и Келтите.[1]
Сè уште е спорна причината зошто старите народи ставале предмети во реката, но највеќето историчари се повикуваат на локалните преданија кои од памтивек ја сметаат реката за света. Овие предмети веројатно биле дарови за реката при важни настани или обреди, за заблагодарување или за барање помош од неа.
Како таква реката Љуљбаница станала мошне популарна кај копачите по богатства. Се смета дека досега од реката се извадени 10.000-13.000 предмети со кои јавноста е сосем незапознаена. Многу вакви предмети се продадени на приватни лица, или пак се скриени кај трагачите. Како мерка словенечкото собрание во 2003 г. ја изгласала реката за национално богатство и го забранила нуркањето без дозвола.
[уреди] Наводи
- ↑ Kaufmann, Carol (јан 2007). "A River's Gifts". National Geographic Magazine. 150-7.
[уреди] Надворешни врски
- „Дарови на реката“, National Geographic (јан 2007) (англиски)
[уреди] Галерија
-
Љубљаница кај Фужине зиме.