Ѓорѓи Ѓорѓиев (фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија е за фудбалерот. За одбојкарот, видете Ѓорѓи Ѓорѓиев (одбојкар).

Ѓорѓи Ѓорѓиев
Ѓорѓиев како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 18 јуни 1996(1996-06-18)(27 г.)
Роден во Велес, Македонија
Висина 1.80 м[1]
Позиција Десно крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
–2016 Љубанци 1974
2016–2022 Борец 1919
2022– Брегалница 2008
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Ѓорѓи Ѓорѓиев (роден на 18 јуни 1996 година) ― македонски фудбалер од средниот ред.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ѓорѓиев бил фудбалер на Љубанци 1974, клуб со кој се натпреварувал во Втората македонска лига 2015/16.

Во сезоната 2016/17, се преселил во третолигашот Борец 1919 и истата сезона се унапредиле во Втората лига бидејќи екипата завршила на второто место лигата - Југ. Во сезоната 2017/18, Борец 1919 и Ѓорѓиев завршиле на второто место на лигата - Исток и обезбедиле пласман во баражот за упредување. Во првата рунда од баражот, тие го победиле Гостивар на пенали, но изгубиле од Победа во втората рунда и со тоа останале во Втората лига.[2] Следната сезона, Борец 1919 и Ѓорѓиев ја освоиле Втората лига - Исток и директно обезбедиле пласман во Првата лига. Сезоната 2019/20, Ѓорѓиев и Борец опстанале во Првата лига поради пандемијата на КОВИД-19 и прекинот на првенството при што никој не отпаднал поради одлуката на ФФМ.[3][4] Во сезоната 2020/21, Ѓорѓиев со Борец 1919 завршиле на осмото место. Следната сезона, Борец завршил на претпоследното 11. место и морал да отпадне во Втората лига.

Додека бил играч на Борец 1919, Ѓорѓиев бил капитен на екипата.[5]

Во средината на јуни 2022 година, Ѓорѓиев се преселил од Борец во штипска Брегалница 2008.[6][7][8]

Почести[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „7 Ѓорѓи Ѓорѓиев“. Брегалница 2008. Архивирано од изворникот 2023-03-23. Посетено на 8 август 2023.
  2. Филип Здравески (2 јуни 2018). „Promotion play-off: Pobeda beats Borec to stay in 1.MFL“. macedonianfootball.com. Посетено на 8 август 2023.
  3. „ФФМ ПРОГЛАСИ КРАЈ: Нема повеќе фудбал во Македонија!“. gol.mk. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 8 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „ФФМ одлучи: Крај на сезоната – Прекин на Првата лига и Купот на Македонија!“. ekipa.mk. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 8 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Колумбиецот Себастијан Херера од унгарска МТК нов играч на Брегалница“. maskimagazin.faktor.mk. 24 август 2022. Архивирано од изворникот на 8 август 2023. Посетено на 8 август 2023.
  6. „Ѓорѓи Ѓорѓиев од Борец е првото засилување за Брегалница!“. sportskamreza.mk. 14 јуни 2022. Архивирано од изворникот 2022-06-22. Посетено на 8 август 2023.
  7. „Ѓорѓи Ѓорѓиев од Борец ја засили Брегалница“. makfudbal.mk. 15 јуни 2022. Архивирано од изворникот 2022-06-17. Посетено на 8 август 2023.
  8. „Брегалница се засили и со поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски“. ekipa.mk. 28 јуни 2022. Архивирано од изворникот 2022-07-07. Посетено на 23 август 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]