Ѓорѓи Киселинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Киселинов
Роден 16 мај, 1888
Охрид
Починал 29 септември, 1961
Скопје

Ѓорѓи Јакимов Киселинов (Охрид, 16 мај 1888 - Скопје 29 септември 1961) — македонски славист, лингвист, преведувач, дијалектолог, граматичар, етнограф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Списанието Луч во кое Киселинов објавувал свои статии

Основното образование го добил во родниот град, а потоа завршил Битолската машка класична гимназија (1907), како и курс по грчки јазик. Потоа бил две години учител во Хрупишча и Костур. Завршува Историскофилолошкиот факултет во Одеса (1909–1915). Учествува во Балканските војни, а потоа е професор по старословенски јазик. По Првата светска војна се враќа во Македонија и постојано се мести како гимназиски професор во Охрид, Подгорица, Ресен, Сента, Алексинац, Бијело Поље, Плевља, Ќуприја, Скопје, Сомбор, Велика Кикинда, и пак во Бијело Поље и Подгорица (1920–1941), а за време на бугарската окупација работи во гимназиите во Скопје (1941–1944).

Неспоредно по Ослободувањето подготвува за печат „Кратка македонска граматика“ (25 октомври 1944) и учествува во првата Конференција за македонската азбука и македонскиот литературен јазик (27. XI – 4. XII 1944). Потоа работи како хонорарен преведувач во книгоиздателствата „Култура“ и „Просветно дело“ (1945–1947) и како професор во Економското (1947–1948) и во Средномедицинското училиште (1948–1950). До пензионирањето службува како библиотекар во Ректоратот и во Народната и универзитетска библиотека (1950–1961). Уште како студент во Одеса издава списание „Театръ и танцы“ (1911), а потоа станува коиздавача на „Къ Свету“ и „Славянскiй Югъ“ (1912). Тогаш бил и во блиски односи со Крсте Петков Мисирков.[1] Подоцна објавуа бројни публикации од областа на фолклорот, лингвистиката и етнографијата, а го уредува списание „Луч“ (Скопје, 1937– 1938) и соработува во повеќе списанија, зборници и весници. Автор е и на средношколски граматики и преведувач на публикации.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 693. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Една необјавена македонска граматика од 1944 година од Ѓорѓи Киселинов, Охрид, 1991, Д-р Стојан Ристески

Надворешни врски[уреди | уреди извор]