Цел на корпоративното управување
Изглед
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Цели на корпоративното управување:
- да им помогне на компаниите, банките, да ја подобрат практиката на своето корпоративно управување;
- да ги поддржи институциите од јавниот сектор да воспостават ефективни рамки за корпоративно управување;
- да им помогне на образовните институции за вклучување на содржини за корпоративно управување во нивните наставни програми.
Помагајќи го развојот на практиките на ефикасно корпоративно управување во Македонија, и помага на земјата да ја зголеми својата атрактивност за инвеститорите.
Ефикасното корпоративно управување придонесува за одржлив економски развој преку подобрување на перформансите на компаниите и на нивниот пристап кон надворешни извори на капитал. Тоа ја зголемува профитабилноста на компаниите и овозможува побрз раст. Доброто корпоративно управување треба да обезбеди соодветни поттици за одборот на директори и менаџментот да ги остварат целите кои се во интерес на компанијата и акционерите и кои треба да обезбедат делотворен мониторинг, и со тоа да ја охрабрат фирмата ефикасно да ги користи своите ресурси.