Фибула (брош)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фибула од бронза со полузавратена нога од периодот на петтиот век. Претставува случаен наод на наоѓалиштето Градац во Градашница. Дел е од рановизантиска збирка на Народниот музеј во Лесковац.

Фибула (латински: fibula — „прицврсти“) – игла за прицврстување на тога.[1]

Фибулите исто така се користат во својство на накит. Тоа е своевидно копче или врска во вид на приврзок со игла, кои се користеле за затворање и врзување на облека. По изгледот и техничкото решение скоро се идентични со модерните сигурносни игли – безопасни.

Биле во употреба од најраната историја и постојат во многу изведби и облици, во зависност од историскиот период: постојат келтски, дачански, сарматски, римски, готски итн. Од средниот век ги заменило копчето, но нивниот наследник, безопасната се користи и денес.

Наводи[уреди | уреди извор]