Референдум во Македонија (2004): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Ред 17: | Ред 17: | ||
==Политички импликации== |
==Политички импликации== |
||
[[Слика:Miting_referendum.jpg|right|thumb|200px|Митинг за поддршка на референдумот]] |
|||
Иако целокупниот опозиционен блок застана позади иницијативата за референдум, [[СДСМ]] и владеачката коалиција се противеа на референдумската иницијатива и бараа граѓаните да гласаат негативно на референдумот, стравувајќи од етнички поделби и тензии. Меѓународната заедница исто така се одлучи негативно да се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во барањето беа [[САД]] кои и 2 дена пред референдумот ја признаа Македонија под уставното име. |
Иако целокупниот опозиционен блок застана позади иницијативата за референдум, [[СДСМ]] и владеачката коалиција се противеа на референдумската иницијатива и бараа граѓаните да гласаат негативно на референдумот, стравувајќи од етнички поделби и тензии. Меѓународната заедница исто така се одлучи негативно да се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во барањето беа [[САД]] кои и 2 дена пред референдумот ја признаа Македонија под уставното име. |
||
Преработка од 18:47, 7 август 2006
Според Уставот на Република Македонија, и Законот за Референдум и граѓанска иницијатива објавен во Службен весник на РМ бр. 24/98, а по барање на 180 545 граѓани на Република Македонија со право на глас, собранието на Македонија го распиша задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија. Референдумот се одржа на 7 Ноември 2004. На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснуваа по прашањето:
Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?
Иницијатор за собирање на потписите беше Светскиот македонски конгрес
Изборна статистика
- Право на глас имале 1.709.536 лица, запишани во Избирачкиот список.
- Гласањето се одвивало на 2.973 гласачки места кои се отворени од 07 до 19 часот.
- Целата територија на Република Македонија била една изборна единица.
- Изборни органи што го спроведувале референдумот се:
- Државната изборна комисија, 34 општински изборни комисии, 2.973 избирачки одбори.
Политички импликации
Иако целокупниот опозиционен блок застана позади иницијативата за референдум, СДСМ и владеачката коалиција се противеа на референдумската иницијатива и бараа граѓаните да гласаат негативно на референдумот, стравувајќи од етнички поделби и тензии. Меѓународната заедница исто така се одлучи негативно да се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во барањето беа САД кои и 2 дена пред референдумот ја признаа Македонија под уставното име.
Резултати
Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454 347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449 324 или 26.28%.
- ЗА гласале: 427 112 или 94.01%
- ПРОТИВ гласале: 22 212 или 4.89%