Туристичко одредиште: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадено преведувајќи ја страницата „Туристичка дестинација
(нема разлика)

Преработка од 18:10, 27 јануари 2019

Бора Бора е една од најпознатите туристички дестинации во светот.

Туристичка дестинација е место (одморалиште во природата или културно подрачје) кое е значително во областа на туризмот и е посетувано од туристи, бидејќи нуди широк спектар на туристички атракции .

Терминот дестинација е изведен од латинскиот збор destination,која во нејзината оригинална форма значи место каде луѓето одмараат.Покрај тоа во англиската,литература честопати се среќаваме со термин одморалиште , кое во директен превод означува место за одмор. Постои голема разлика во дефинирањето на туристичката дестинација .Некои од дефинициите кои најблизок начин го објаснуваат концептот на туристичка дестинација се:

  • Определена тесна или поширока просторна единица во која се реализира туристичкиот сообраќај, а целата може да биде секое место каде што има туристички објекти, како и секој регион каде што се лоцирани неколку туристички центри.
  • Комплекс на разни рекреативни и социјални содржини лоцирани во еден локалитет.
  • Дестинацијата може да биде место за одмор или деловен центар што го посетуваат туристите и каде што престојуваат. Може да биде една област или дури и земја во која тие патуваат. Исто така може да биде и брод за крстарење кој носи повеќе пристаништа. Најефективната е да се постават едно или повеќе места во кои доаѓаат и остануваат туристите, а кои се главната цел на нивното движење.

Туристичко место

Со текот на времето, туристите стануваат потрошувачи кои се подготвени да платат за клима, природни и други убавини, како и задоволување на нивните желби и навики. Како резултат на одразот на овие нови односи, создадени од туризмот, се појавуваат туристички локалитети. Овие места се создаваат таму каде што има големи концентрации на гости. Во овие населби се воведени објекти кои ќе им обезбедат на туристите удобен престој, како што се паркови, шеталишта, сали, казина, музика и други културни забави. Воведени се услуги за најдобар прием на гости, како што се информациски услуги, локален превоз, превозници.

Видете повеќе

  • Туризам
  • Туристички регион
  • Туристичка локација
  • Туристички центар