Вампирџија (филм): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
с Тиверополник ја премести страницата Вампирџија (ТВ филм) на Вампирџија (филм)
(нема разлика)

Преработка од 15:59, 27 ноември 2016

Вампирџија е ТВ филм во режија на Горан Тренчовски, а сценариото на филмот е напишано од Владимир Плавевски.

Сцена од филмот " Вампирџија"

Кратка содржина

Серафим е вампирџија – ловец на вампири, кој талка низ македонските села и за пари ги уништува свампирените мртовци. Чирак му е младиот Фидам, кого Серафим го подучува на опасниот вампирџиски занает, азбуката и уште понесигурниот живот во Македонија. Вампирџијата и неговиот ученик запаѓаат во борба со македонските вампири, со турската власт и со комитите кои ги опкружуваат, како и со авџи-табурите, платените ловци на комити. Прокобата на вампирџискиот занает ја искусува младиот Фидам, кој не знае дали вампирџијата Серафим е божји ангел или слуга на ѓаволот.

Сценариото ја развива сематичката теза за талкањето на душата по умирањето како казна за грешните души. Вампирџијата Серафим, метафора на животниот промискуитет, е наемен искупувач на грешните душа, а младиот Фидам е метафора на животна доблест која верува во оправданоста на животот.

Со хорор елементи и ироничен хумор се осознава суеверието на македонскиот човек здробен од турското ропство, но се утврдува и неговиот бунт кон духовниот и физичкиот терор, изразен преку традицијата на вампирџистовото и комитаџиството.

Надворешни врски