Одаја: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 18: | Ред 18: | ||
Во зависност од применетиот конструктивен систем и просторниот распоред, одајата се формира, кај помал број на примери, со ѕидови од камен со голема дебелина или во поголем обем во бондручен систем. Кај поголем дел примероци одајата е поставена во делот од конструктивниот систем каде е употребена бондручна конструкција, поради прозорските отвори во ѕидот. |
Во зависност од применетиот конструктивен систем и просторниот распоред, одајата се формира, кај помал број на примери, со ѕидови од камен со голема дебелина или во поголем обем во бондручен систем. Кај поголем дел примероци одајата е поставена во делот од конструктивниот систем каде е употребена бондручна конструкција, поради прозорските отвори во ѕидот. |
||
[[Категорија:Архитектонски елементи]] |
Преработка од 17:14, 16 април 2016
Одаја е просторија која има повеќенеменски функции како што се: преку ден за одмор, за примање на гости навечер, за веселби и за спиење. Од аспект на функционалноста, одајата секогаш е поврзана со чардакот на катот, кој ги поврзува сите останати содржини. На еден кат понекогаш се наоѓаат и до четири одаи, кои се поврзани со чардакот на средината на основата. Во преземјето одајата е поврзана со тремот (под чардакот), а преку него и со надворешниот простор, а преку скалите со останатите нивоа на куќата по вертикала.
Формата на одајата во основа, се јавува во три типа:
- правоаголен (најчесто застапен);
- со издолжена форма (во голем број на примери);
- со неправилна форма (многу ретко).
Употребата на ентериерните елементи, се состои од:
- одаја која не содржи постојани делови на ентериерот и огништето;
- одаја со огниште, но без вградени делови во ентериерот;
- одаја без огниште со вградена опрема, со долапи;
- одаја со огниште и долапи.
- одаја со вградени ентериерни делови: огниште, долапи и мусандри.
Одајата има мали (3 х 3,80 м, Битуше)или поголеми димензии (до 6 х 7,30 м, Тануше), со поволна ориентација.
Во зависност од применетиот конструктивен систем и просторниот распоред, одајата се формира, кај помал број на примери, со ѕидови од камен со голема дебелина или во поголем обем во бондручен систем. Кај поголем дел примероци одајата е поставена во делот од конструктивниот систем каде е употребена бондручна конструкција, поради прозорските отвори во ѕидот.