Утилитаризам: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Mercy (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 90.1.52.82 (разговор), вратено на последната верзија на Brest-bot
Ред 35: Ред 35:


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
* [http://www.utilitarianphilosophy.com/ International Website for Utilitarian Philosophy]
* [http://www.utilitarian.net Утилитаристи]
* [http://www.utilitarian.net Утилитаристи]
* [http://www.utilitarianism.com Утилитаризам]
* [http://www.utilitarianism.com Утилитаризам]

Преработка од 13:05, 30 април 2010

Утилитаризмот (потекнува од латинскиот збор utilis што значи корисен) е филозофско етичко учење кое ја фаворизира користа и добивката како највисоко добро за поединецот или групата. Доброто, според оваа школа, се наоѓа во среќата и задоволството.

Историјат на утилитаризмот

Корените на утилитаризмот како филозофски правец ги поставил Дејвид Хјум, но понатаму се дообликува со учењата на англиските мислители Џереми Бентам и Џон Стјуарт Мил.

Бентам живеел и творел во ера на големи научни и следствено, општествени промени, периодот во кој за прв пат се јавуваат дебатите околу демократијата. Тој го напишал делото „Принципи на моралот и законодавството“, во кое ги изложил своите етички погледи. Всушност, се работи за три принципи: 1. мотивацијата на луѓето 2. принципот на користа 3. felicific calculus (алгоритам) Од принципот на користа произлегува дека двата единствени апсолута во светот се болката и среќата.

Џон Стјуарт Мил е автор на делото „Утилитаризам“ (прв пат издадено во 1861). Неговото учење отскокнува и значително се разликува од останатите утилитаристи, бидејќи тој како највисоко добро ја смета културната и духовната среќа на човекот. Исто така, тој вели дека политичкото дејство треба да се води од „принципот на слободата“, односно дека на секој човек мора да му се гарантира тотална слобада, која нема да се коси со слободата на другите, како секој би ја максимизирал сопствената среќа.

Класичната утилитаристичка теорија на Бентам и Мил, влијаеше многу во развојот на концептот на консеквенционализмот. Исто така, утилитаризмот во одреден дел е имплементиран во либертаријанската (слободарска) филозофија, како и во одредени домени на социјалистичките теории.

Познати утилитаристи се Вилијам Годвин, Џејмс Мил, Хенри Сиџвик, а од модерната школа претставници се Ричард М. Хејр и Питер Сингер.

Видови утилитаризам

Негативниот утилитаризам ја промовира идејата за заштита од најголемото зло за најголем број луѓе. Една од порадикалните негативно – утилитаристички теории вели дека најефективен и најбрз начин да се спречат злото и болката е да се нанесе токму најголемото зло на човештвото – да се уништи во целина.

Субјективниот утилитаризам (или утилитаризам на преференците) пак, вели дека секој човек различно ја доживува користа и доброто, но сепак рационализмот и репутацијата ги става пред хедонизмот на листата на задоволства.

Утилитаризмот на другите видови, е правец кој животните ги смета за еднакви на луѓето од аспект на доброто кое го заслужуваат. Питер Сингер истакнува дека страданието на животните во прехрамбената индустрија е повеќекратно посурово од она во природата. Затоа, ова учење е блиско со вегетаријанството и претставува еден вид прагматична филозофија.

Утилитаризмот и религијата

Утилитаризмот и религијата не се исклучуваат меѓусебно, односно возможно е човек во исто време и да биде верник и притоа да се води од утилитаристички принципи. Според одредени теоретичари, голем број религии се базираат токму на утилитаризмот, со мали отстапки.

Биолошко објаснување на утилитаризмот

Според одредени тврдења, социобиологијата, односно погледите за социјалната еволуција на човештвото, во добар дел кореспондираат токму со утилитаристичките постулати. Според Питер Сингер, човекот, од самиот свој почеток е воден од своите и интересите на групата, бидејќи тој морал да ги запази кохезијата и кооперацијата како есенцијални за сопствениот напредок. Впрочем, во секое донесување одлуки, уште од времето на собирачите и ловците, луѓето морале да ги ценат меѓусебно своите интереси, што е темел на утилитаристичкото размислување. Следствено, утилитаристичкиот начин на размислување и однесување е вроден манир на човекот, и е негово неотуѓива карактеристика.

Надворешни врски

Предлошка:Link FA