Прејди на содржината

Психопатологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Психопатологија е научна дисциплина која што систематски ги истражува симптомите, природата и причинителите (наследни, органски и социјални) патолошки состојби во процесот на душевниот живот. За разлика од општата психологија, таа се занимава со отстапувања (аберации) од нормалните појави во процесот на запазување, мислењето, емоциите, вниманието, учењето, мотивацијата итн. Терминот психопатологија, исто така може да се користи за означување на однесувања или искуства кои се индикативни за душевната болест дури и ако за таквата нема официјален наод. На пример присуството на халуцинации може да се смета како психопатолошки знак. Сознанијата од општата психопатологија служат како темел во психијатријата, клиничката психологија, а влијаат и на социјалната работа.