Пожар во модуларна болница во Тетово (2021)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пожар во модуларна болница во Тетово
Датум8 септември 2021 (2021-09-08)
Време21:02 CEST
МестоТетово, Македонија
Причинителнепознат
Починати14[1]

Вечерта на 8 септември 2021 година избувнал пожар во модуларната болница за COVID-19 пациенти во Тетово. Во пожарот загинале 14 лица, од кои 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите.[1]

На 10 септември, два дена по пожарот, оставка дадоа министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани, директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор на болницата Артан Етеми.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ЈО: 12 од загинатите биле пациенти, а двајца роднини на пациент“. Радио Слободна Европа. 10 септември 2021. Посетено на 10 септември 2021.
  2. „Министерот Венко Филипче даде оставка по пожарот во тетовската болница“. Радио МОФ. 10 септември 2021. Посетено на 10 септември 2021.