Податотека:Вруточко четвороевангелие - 13-14 век.pdf

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(2.068 × 1.458 пиксели, големина: 20,48 МБ, MIME-тип: application/pdf, 156 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Врутошко четвороевангелие, српска редакција, босански тип, од XIII - XIV век.

Пергамент: Тенок, добро обработен пергамент, 17,9 х 11,5 см., 157 листови. Во ракописот постои оригинална кирилска пагинација. Целиот ракопис содржи 19 кватерниони од кои секој имал по 10 листа. Бројот на кватернионот е означен на првата страна на секој прв лист, и кирилска сигнатура на секој лист но недоследна. Скоро една третина од ракописот недостасува. При подоцнежното подврзување во XVIII или XIX век, ракописот е измешан, така што тешко може да се следи редоследот на текстот. Ракописот почнува со четврта глава, 13 стих од евангелието на Марко, а неколку сочувани листови од евангелието по Матеј се наоѓаат зад деловите на евангелието на Јован. Десеттиот кватернион се наоѓа за XIX кватернион, а овај зад XI, после кој доаѓаат два листа од кватернион IV.

Писмо: По 22 реда на полна страница. Убаво уставно писмо од босански тип. Правописот е со малиот ер. Нема ѥ, ꙗ, ъ и ѡ освен во лигатурата ѿ. Нема надредни и интерпункциски знаци. Употребено е црно мастило во текстот, а насловите и почетните букви се црвени. Се среќаваат почетни букви и со зелено мастило.

Водени знаци: N/A

Орнаментика: Првите листови на евангелијата по матеј, Марко и Лука се искинати и не се знае дали орнаменти и иницијали имало. Сочувани се само следниве орнаменти: на л. 125‛ (пред описот на главите по Јован) правоаголно знаменце (9 х 4,4 см.) со четворолиниски рамки, со три круга внатре исполнети со осмокраки ѕвезди. На л. 126‛ даден е симболот на евангелистот Јован - орел во лет со ореол околу главата. Ореолот е врамен во правоаголна рамка 12,8 х 8,9 см. На л. 127 пред почетокот на евангелието по Јован се наоѓа знаменце 9,5 х 6,3 см. со рамки од двојни плетенки и чворови, а во средината на зелено поле цртеж во форма на пеперутка. Во ист стил, почетната буква И висока 4,5 см. украсена со плетенки со доза на иницијалност. Во сите орнаменти и во иницијалот употребено е киновер, црно мастило, жолта и зелена боја.

Повез: Картон завиткан во кафена кожа. Кожата е орнаментирана со рамки и резетки како во рамките така и во средината на предната и задната корица.

Содржина: Четвороевангелие.

Потекло: Од записите може да се види дека овој ракопис во XVIII век се наоѓал во манастирот Св. Троица кај Плевље. Нешто подоцна се наоѓал во манастирот Св. Архангел Михаил, а во XIX век се наоѓал во с. Вруток - Гостиварско. Ракописот го нашол Радослав Грујиќ во фамилијата Попови во с. Вруток - Гостиварско во 1937 година.

Локација: Ракописот после долго лутање, сега се чува кај Добривое Поповски во Скопје, а во моментот кога го разгледуваме (1990) се наоѓа во НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје каде е регистриран, микрофилмуван и можеби ќе остане депониран.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/vrutocko-cetvoroevangelie-13-14v.html


Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:23, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:23, 16 мај 20132.068 × 1.458, 156 страници (20,48 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Податотекава се користи во следнава страница:

Метаподатоци