Прејди на содржината

Парк Бом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парк Бом
박봄
Парк во март 2020
Роден(а)Парк Бом
24 март 1984(1984-03-24)(40 г.)
Сеул, Јужна Кореја
Занимањепејач

Парк Бом (родена на 24 март 1984 година), претходно едноставно позната како Бом, е јужнокорејска пејачка. Таа е најпозната како член на јужнокорејската женска група 2NE1.

Парк својата музичка кариера ја започнала во 2006 година, настапувајќи на синглови објавени од музичари кои биле во истата издавачка куќа со неа: Биг Бенг, Лекси и Маста Ву. Во 2009 година, таа го направила своето деби како член на 2NE1 како главен вокал. Парк објавила два самостојни синглови, „You and I“ и „Don't Cry“, кои достигнале број еден на Гаонската дигитална табела, националната музичка листа во Јужна Кореја.[1] Таа била наградена за Најдобар дигитален сингл на Азиските музички награди Мнет во 2010 година.

По растурањето на 2NE1 во 2016 година, Парк ја напуштила агенцијата на својата група, YG Entertainment, во ноември 2016 година. Во јули 2018 година, таа потпишала со D-Nation Entertainment и го објавила својот кам-бек сингл „Spring“, во март 2019 година.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Парк Бом е родена во Сеул, Јужна Кореја, на 24 март 1984 година.[2] Нејзината постара сестра, Парк Го-јн, е виолончелист.[3] Додека била прва година во средно училиште, во Соединетите Држави, таа била дијагностицирана со хиперактивно нарушување со дефицит на внимание (АДХД).[4]

2006–2013: Почетоци во кариерата и пробив

[уреди | уреди извор]

Парк се вратила во Јужна Кореја за да ја продолжи музичка кариера таму и повеќепати се била на аудиција за да се приклучи на YG Entertainment, каде што била прифатена во компанијата по три години аудиција. За време на нејзината работа како приправник во YG, Парк била дијагностицирана со лимфаденитис; Оттогаш, Парк продолжила да страда повремено од лимфаденитис.[5][6] Во 2006 година, таа пеела на двата од најстарите синглови на Биг Бенг, „We Belong Together“ и „Forever with U“.[7][8] Парк соработувала и со Лекси на „Baby Boy“ од нејзиниот трет мини албум „Rush“, и Ред Рок на синглот „Along My Way“. Таа се појавила и во низа на промотивни музички видеа за Samsung Anycall со истото име, заедно со Ли Хјори, Џи-Драгон и Коми.

Парк во септември 2009 година

Парк била поставена како главен вокал на 2NE1, заедно со CL, Дара и Минзи. Потоа, групата соработувала со колегите на Биг Бенг за песната „ Lollipop“ пред официјално дебитирање на „Музичкиот тренд“ на SBS на 17.05.2009 година, каде ја извеле „Fire“. Групата остварила значителен успех со синглот број еден „I Don't Care“ од нивниот прв мини албум, 2NE1, која им ја освоила наградата „Песна на годината“ на доделувањето на Азиските музички награди Мнет во 2009 година, што ја направило првата дебитантска група да освои награда во истата година кога дебитирале. Во август 2009 година, по завршувањето на промоциите за нивниот деби-сингл, членовите паузирале за да се фокусираат на поединечните активности. Таа го издала својот прв самостоен сингл „You and I“, кој го зазел местото број еден на музичката табела Гаон за месец ноември. Синглот на крајот освоил Најдобриот дигитален сингл на доделувањето на Азиските музички награди Мнет за 2010 година. До крајот на 2011 година, било објавено дека „You and I“ била симната 4.483.364 пати, станувајќи еден од најпродаваните синглови во историјата на корејската музика.

Парк во 2011 година

Во 2014 година, било објавено во јавноста дека Парк во минатото била под истрага за шверц на лекови (80 таблети кои содржат амфетамин) преку меѓународна пошта.[9][10] Пакетот, испратен од членовите на нејзиното семејство кои живеат во Соединетите Држави до нејзиното живеалиште во Јужна Кореја, било запрено на царината на Меѓународниот аеродром Инчеон. Парк била ставена под истрага, но никогаш не била обвинета. Во изјавата издадена од Јанг Хјун-сук од YG Entertainment, тој зборувал против наводите за повластен третман. Тој објасни дека лекот е нелегален во Јужна Кореја, но легален во САД. Таа не можела да патува во Соединетите Држави за тоа време, поради нејзиниот зафатен распоред. Парк стапила во контакт со нејзиниот лекар од САД за да се снабди со лекови. Јанг понатаму објаснил дека Парк побарала лекарска помош од лекари од Јужна Кореја и поминала на терапија, но се покажала како не толку ефикасна како нејзиниот третман во Соединетите Држави. Во 2010 година, во моментот на истрагата, таа ѝ доставила на обвинителката медицински досиеја од нејзината болница во САД, потврдувајќи ги нејзините дијагнози, како и планот за тековно лекување.[11] Истата година, Парк се приклучила во составот на Roommate на SBS, реалити шоу во кое се прикажани единаесет познати личности кои живеат заедно во една куќа. Таа наскоро се повлекла од програмата по скандалот и таа прекинала од индустријата за забава.[12]

Следниот настап на Парк бил на 2 декември 2015 година, настапувајќи со 2NE1 на доделувањето на Азиските музички награди Мнет во 2015 година.[13][14] На 25 ноември 2016 година, YG Entertainment го соопштила распадот на групата. Компанијата открила и дека поранешните членови CL и Дара потпишале самостоен договор, навестувајќи на заминувањето на Парк од продукцијата.[15] Парк, сепак, учествувала во последната песна на 2NE1 „Goodbye“, објавена на 21 јануари 2017 година.

2018 до денес: Враќање во кариерата

[уреди | уреди извор]
Парк во март 2019 година

На 20 јули 2018 година, Парк, наводно, потпишала ексклузивен договор со новосоздадената забавна компанија D-Nation Entertainment.[16] Планирано било дека таа ќе го издаде својот деби мини-албум составен од пет до шест песни во ноември, како и промотивни активности во странство.[17] Сепак, било објавено на 2 октомври 2018 година дека мини-албумот наместо тоа ќе биде објавен околу јануари 2019 година и дека Парк ќе отвори канал на Јутјуб.[18] Следниот ден, било објавено дека таа ќе го оствари своето прво појавување на малите екрани после четири години преку YG Future Strategy Office, во која главна улога ја има поранешниот колега од издавачката куќа, Сунгри.[19] Парк била прикажана во третата епизода од серијата, „Музички бизнис“, која премиерно била претставена на 5 октомври 2018 година на Нетфликс.

„Spring“ била објавена на 15 февруари 2019 година како главен сингл на нејзиниот деби-сингл албум со истото име,[20] кој бил објавен на 13 март 2019 година заедно со премиерата на своето музичко видео.[21] Песната била направена од Brave Brothers и опишана како „R&B песна со средно темпо“.[22] Дополнително, „Spring“ ја вклучила како вокал поранешната колешка на Парк, Дара.[23] Песната била изведена за прв пат за време на изложбениот настан на Spring, кој се одржал во истиот ден од објавувањето.[24] „Spring“ дебитирала на првото место на табелата за продажба на светски дигитални песни на „Билборд“ како најпродавана песна од жанрот К-поп и највисок ранг на нова песна од таа недела.[25] „Spring“ повторно била објавена како мини албум со наслов „re: Blue Rose“ на 2 мај 2019 година.[26] Водечкиот сингл насловен „4:44“ бил направен од Brave Brothers уште еднаш и бил вклучен вокал од Wheein. Парк го издала „I Do, I Do“ за корејската серија „Парфем“ како нејзино прво учество во една музика за серијал, на 1 јули 2019 година.[27] Таа ја одржала својата прва средба со обожаватели, наречена како „Spring Again“, на 20 јули 2019 година.[28]

Парк се натпреварувала на телевизиското реалити натпреварување на Мнет, „Queendom“, кое првично се емитувало на 29 август 2019 година.[29] Таа издала три синглови во текот на целиот нејзин настап во натпреварот: препев на „Hann (Alone)“ од колегите-натпреварувачи (G)I-dle и „Eyes, Nose, Lips“ од поранешниот колега од издавачката куќа, Тејанг,[30][31] и оригинална песна под насловот „Wanna Go Back“.[32] Парк последователно се појавила во „Chanel“ од MC Mong, која била издадена на 29 октомври 2019 година.[33] Таа повторно се здружила со Дара за синглот насловен „First Snow“, кој бил издаден на 10 декември 2019 година.[34]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Самостојни албуми

[уреди | уреди извор]
Наслов Детали Највисоко место Продажба
КОР

[35]

Spring
  • Издадена: 13 март 2019 година
  • Повторно издадена: 2 мај 2019 година (re:Blue Rose)
  • Издавачка куќа: D-Nation
  • Формати: ЦД, дигитално преземање
2

Синглови

[уреди | уреди извор]

Како главен музичар

[уреди | уреди извор]
Наслов Година Највисоко место Продажба Албум
КОР Гаон
[38]
КОР Хот
[39]
НЗ Хот
[40]
САД

Свет[41]

"You and I" 2009 36 - - -
  • КОР: 996.381+ [42]
To Anyone
„Don't Cry“ 2011 1 - - -
  • КОР: 2,512.950+ [43]
  • САД: 10.000[44]
2NE1
„Spring“ (봄)
(со Сандара Парк)
2019 3 4 39 2
  • САД: 1.000+
Spring
„4:44“

(4 시 44 분) (со Wheein)

84 78 - - Н/П re: Blue Rose
„First Snow“ (첫눈)
(со Сандара Парк)
168 - - 19 Не-албумски сингл
"-" означува изданија што не биле на табела или не биле издадени во тој регион.

Како гостин-музичар

[уреди | уреди извор]
Наслов Година Највисоко место Продажба Албум
КОР
[45]
„We Belong Together“ (Биг Бенг со Парк Бом) 2006 * Н/П Big Bang
„Anystar“ ( Ли Хјори во кој учествуваат Ли Џун-ги и Парк Бом) Не-албумски сингл
„Forever with U“ (Биг Бенг со Парк Бом) Big Bang 03
„Along My Way“ (Ред Рок со Парк Бом) 2007 Не-албумски сингл
„Baby Boy“ (Лекси со Парк Бом) Rush
„Oh Yeah“ (GD & TOP со Парк Бом) 2010 2
  • КОР: 1.380.732 [46]
GD & TOP
„Having an Affair“ (G-Dragon и Парк Мјонг-су со Парк Бом) 2011 1
  • КОР: 4,172.894+ [47]
Infinite Challenge
„Up“ (Епик Хај со Парк Бом) 2012 6
  • КОР: 976.020 [48]
99
„Black“ (јапонска верзија) (G-Dragon со Парк Бом) 2013 - Н/П Coup d'etat
„Chanel“ (MC Mong со Парк Бом) 2019 6 Channel 8
"-" означува изданија што не биле на табела или не биле објавени во тој регион.

Учество во филмска музика

[уреди | уреди извор]
Наслов Година Највисоко место Албум
КОР САД

Свет

[41]

„I Do, I Do“ 2019 - [1] - Perfume OST, Дел 8
„Break Up with Her“ (그녀 와 의 이별) - - Immortal Songs: Singing the Legend (2019 Summer Special, Part 1: So Chan-whee & Kim Hyun-jung)
„Hann (Alone)“ (со Cheetah) - 13 Queendom

<Cover Contest>, Дел 1

„Eyes, Nose, Lips“ - - Queendom <Box of Fan-dora>

Дел 2

„Wanna Go Back“ (되돌릴 수 없는 돌아갈 수 없는 돌아갈 곳 없는) - 18 Queendom <Final Comeback>
"-" означува изданија што не биле на табела или не биле објавени во тој регион.

Други рангирани песни

[уреди | уреди извор]
Наслов Година Највисокo местo Продажба Албум
КОР
[38]
САД

Свет[41]

„My Lover“ 2019 125 5 Spring
„Shameful“ 149 4
  • САД: 1.000+

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]
Година Награда Категорија Номинирано дело Резултат Наводи
2010
Азиски музички награди Мнет Најдобар дигитален сингл
"You and I"
Победник
[49]
2019
Награди за најдобра К-музика Сорибада Награда за R&B уметник Н/П Победник
[50]
Азиски музички награди Мнет Песна на годината
„Spring“
Номинација
[51]
Најдобра вокална изведба (соло) Номинација
Избор на обожавателите ширум светот Н/П Номинација
Музички награди Мелон Најдобар R&B/Soul
„Spring“
Номинација
[52]
2020
Музички награди на Гаон музичкиот список Песна на годината (март) Номинација
[53]
Сеулски музички награди Награда Бонсанг Н/П Номинација
[54][55]
Специјална награда Халју Номинација
Награда за популарност Номинација
Награда за најпознат К-Поп уметник Номинација
Награда R&B/Хип Хоп
„Spring“
Номинација
1. a : "I Do, I Do" не влегла на листата Гаон Дигитал, но дебитирала и зафатила место на 27. место на листата Гаон БГМ.[56]
  1. „Park Bom number one on Gaon chart with Don't Cry“. Goan Music Chart (англиски). Gaon. Посетено на February 6, 2017.
  2. Park, Mi-ae (May 22, 2009). „[2NE1 21문21답②]박봄, "가수 꿈 위해 유학도 포기했어요~". 이데일리 (корејски). EDaily. Посетено на 7 јуни 2020. 생년월일? 1984년 3월24일. 태어난 곳? [Date of birth? March 24, 1984. Where were you born? Seoul.]
  3. Tse, Tiffany (11 јуни 2016). „2NE1's Park Bom makes an appearance at her older sister's cello recital!“. KMusic. officiallykmusic.com. Посетено на 7 јуни 2020.
  4. Jeong, Ha-eun (26 April 2018). "마약 NO…질환 앓아 치료제 필요했다" 박봄, 해명으로 논란 불식할까“. Naver (корејски). Посетено на 1 August 2019.
  5. Park, Bom. „2NE1_TV_Season 2_E02-2_2NE1's filming new MVs“. YouTube (корејски). 2NE1. Посетено на 7 јуни 2020. (임파선염으로 - 고생하는 박봄) 지금 임파선이요 아... 갑사기 부어가지고 여기서 많이 부으면 안 가라앉거든요
  6. Park, Bom. „2NE1_TV_Season 2_E03-2 2NE1 wins No.1“. YouTube (корејски). 2NE1. Посетено на 7 јуни 2020. 임파선이요... 연습생 때 있었던 일인데. 열심히 연습을 밤새고 했어요. 근데 아침에 일어났는데 귀가 막 여기까지 당겨지면서, 여기까지 다 부은 거예요. 병원에 갔어요. 그런데 (병명이) 임파선 이래요. 그래서 링거를 맞으면 가라않을 줄 알았더니, 한 몇 달 둥안 안 기라 앉는 거에요. 빵빵하게... 지금 너무 걱정이에ㅔ요 피곤하고 막 그래서
  7. „Big Bang – First Single“. YG Entertainment (корејски). YG Entertainment. Архивирано од изворникот на 14 мај 2010. Посетено на 7 јуни 2020.
  8. „Big Bang – Third Single“. YG Entertainment (корејски). YG Entertainment. Архивирано од изворникот на 14 мај 2010. Посетено на 7 јуни 2020.
  9. „[단독] 걸그룹 '2NE1' 박봄 마약 밀수 '봐주기'. NAVER. World Times. 30 јуни 2014. Посетено на 7 јуни 2020.
  10. Song, Myung - Hoon (1 јули 2014). „박봄 '마약밀수 혐의' 입건유예…뒤늦게 논란“. KBS. Korean Broadcasting System. Посетено на 7 јуни 2020.
  11. „양현석 해명 "박봄, 하루 아침에 마약 밀수자가…" [전문]“. SBS CNBC. NBC Universal. 1 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2018-07-16. Посетено на 7 јуни 2020.
  12. „2NE1 Park Bom's Career Drowns with Drug Scandal; Cover-up by the Media to Divert Attention from Sewol Ferry Tragedy?“. Venture Capital Post. 15 јуни 2015. Посетено на 7 јуни 2020.
  13. „2NE1's Surprise Reunion: K-Pop Group Reforms at Awards Show“. Fuse. Посетено на 7 јуни 2020.
  14. „2NE1 Make Surprise Comeback Live at 2015 Mnet Asian Music Awards“. PopCrush. Посетено на 7 јуни 2020.
  15. „YG "2NE1, 7년만 공식 해체…박봄 재계약 NO"(공식입장 전문)“. naver.com. Посетено на 7 јуни 2020.
  16. „[단독] 박봄, '디네이션'과 손잡고 가수인생 2막 연다…하반기 앨범 발매“. Naver. Посетено на 7 јуни 2020.
  17. „[연예뉴스 HOT5] 박봄, 신생 기획사 디네이션과 계약“. Naver. Посетено на 7 јуни 2020.
  18. „박봄, 유튜브 채널·솔로 컴백 준비… 재기 성공할까“ (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  19. „[단독] 박봄, 시트콤 'YG전자' 특별출연…넷플릭스 "촬영 마쳤다" (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  20. „[단독] 산다라박, 박봄 3월 컴백곡 피처링…2NE1 의리“. entertain.naver.com (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  21. „박봄, 3월 13일 컴백 확정…홀로서기 후 첫 신보 [공식입장]“. www.xportsnews.com (корејски). 27 февруари 2019. Посетено на 7 јуни 2020.
  22. „[단독] 용감한형제 "박봄 새 앨범 프로듀싱, 역대급 작품 나왔다" (인터뷰)“. www.xportsnews.com (корејски). 15 февруари 2019. Посетено на 7 јуни 2020.
  23. „YG 측 "산다라박, 박봄 신곡 피처링 참여 맞다"(공식입장)“. entertain.naver.com (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  24. „박봄 "산다라박, 러브콜에 흔쾌히 피처링 참여..의리녀다". entertain.naver.com (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  25. Benjamin, Jeff (21 мај 2019). „Park Bom Takes Over Top 5 of World Digital Song Sales Chart With Long-Awaited Comeback“. Billboard (magazine). Посетено на 7 јуни 2020.
  26. Herman, Tamar (2 мај 2019). „Park Bom Teams Up with Mamamoo's Wheein for Soulful '4:44': Watch“. Billboard (magazine). Посетено на 7 јуни 2020.
  27. „박봄, '퍼퓸'으로 생애 첫 OST 참여…'I Do I Do' 공개 - 스타투데이“. mk.co.kr (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  28. 기자, 이종선 (21 јуни 2019). '다시 봄' 박봄은 다음 달 20일 오후...“. 인사이트코리아 (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  29. 박, 소영 (30 август 2019). „첫방 '퀸덤' 박봄, 투애니원 지우고 국보급 솔로로..후배들 기립박수 [핫TV]“. OSEN. Посетено на 7 јуни 2020.
  30. Queendom <Cover Contest> Pt. 1 - Single by MAMAMOO, AOA & Park Bom (англиски), Архивирано од изворникот на 2020-06-16, Посетено на 7 јуни 2020
  31. Queendom <Box of Pandora>, Pt. 2 - Single by OH MY GIRL, Lovelyz & Park Bom (англиски), Архивирано од изворникот на 2020-06-30, Посетено на 7 јуни 2020
  32. Queendom <FINAL Comeback> - EP by Various Artists (англиски), Архивирано од изворникот на 2019-10-25, Посетено на 7 јуни 2020
  33. „2NE1 출신의 가수 박봄이 피처링을 '샤넬'. 당진신문 (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  34. „[공식] 박봄X산다라박, 10일 새 듀엣곡 '첫눈' 전격 발매..끈끈한 의리“. entertain.naver.com (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  35. „Spring – Week 12, 2019“. Gaon Music Chart (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  36. Cumulative sales for Spring (Korea): „2019 Monthly Album Chart – March“. Gaon Chart. Посетено на 7 јуни 2020.
  37. „국내 대표 음악 차트 가온차트!“. Gaon Chart. Посетено на 7 јуни 2020.
  38. 38,0 38,1 „Digital Chart“ (корејски). Gaon Music Chart. Посетено на 7 јуни 2020.
  39. „Park Bom Chart History: Billboard Korean K-Pop 100“. Billboard. Посетено на 7 јуни 2020.
  40. NZ Hot Singles Chart:
  41. 41,0 41,1 41,2 „Park Bom Chart History: World Digital Song Sales“. Billboard. Посетено на 7 јуни 2020.
  42. Download Chart – 2010년. Gaon Music Chart (корејски). Архивирано од изворникот на 28 февруари 2014. Посетено на 7 јуни 2020.
  43. 2011년 Download Chart [2011 Download Chart]. Gaon Music Chart (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.
  44. 44,0 44,1 Benjamin, Jeff (22 март 2019). „Park Bom Takes Over Top 5 of World Digital Song Sales Chart With Long-Awaited Comeback“. Billboard. Посетено на 7 јуни 2020.
  45. „Gaon Digital Chart“. Gaon Chart (корејски). Korea Music Content Industry Association. Посетено на 7 јуни 2020.
  46. „Gaon Download Chart - 2011“. Архивирано од изворникот на October 10, 2016. Посетено на 7 јуни 2020.
  47. "2011년 Download Chart". Gaon Chart (in korean)“. Gaon Chart. Korea Music Content Industry Association. Архивирано од изворникот на 2 април 2015. Посетено на 7 јуни 2020.
  48. Cumulative sales for "Up":
  49. "2010 M.net Korean Music Festival Winners list" Архивирано на 30 март 2015.. MAMA.
  50. "미나야, 상 3개나 받았다!"…트와이스, '올해의 뮤직상'까지 3관왕 영예 [2019 소리바다 어워즈](종합)“. entertain.naver.com (корејски). 22 август 2019. Посетено на 7 јуни 2020.
  51. Gaea Katreena Cabico (25 октомври 2019). „LIST: Official nominees for 2019 MAMA“. philstar.com. Манила. Посетено на 7 јуни 2020.
  52. „Melon Music Awards 2019 Announces Nominees For Category Awards + Voting Begins“. Soompi (англиски). 14 ноември 2019. Посетено на 7 јуни 2020.
  53. „9th Gaon Chart Music Awards Announces Award Categories And 1st Set Of Nominees“. Soompi (англиски). 1 ноември 2019. Посетено на 7 јуни 2020.
  54. Ilin Mathew (9 декември 2019). „Seoul Music Awards 2020 nomination list, live streaming details and more“. International Business Times, Singapore Edition (англиски). Посетено на 7 јуни 2020.
  55. „第29届SMA-QQ音乐最受欢迎K-POP ARTIST奖“. QQ Music (кинески). Архивирано од изворникот на 31 јануари 2020. Посетено на 7 јуни 2020.
  56. 2019년 27주차 BGM Chart [Week 27 of 2019 BGM Chart]. Gaon Music Chart (корејски). Посетено на 7 јуни 2020.