Парадоксикон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парадоксикон
АвторТомислав Османли
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачВиГ Зеница
Издадена
2020
Медиумпечатено издание

Парадоксикон — книга раскази на Томислав Османли објавена во ВиГ Зеница, Скопје, 2020 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Неговата книга „Парадоксикон“ содржи 12 раскази во одбрана на повредениот човек на денешницата, инструментализираниот човек, многу пати злоупотребената единка, женското битие особено, но и на цели социјално, бирократски или политички повредувани и ранувани колективитети.

Авторот ги открива гротескните и фантастични суштини на современото секојдневие соголувајќи ги актуелните начини на отуѓување. Тој живописно, комично и едновремено горчливо говори за деперсонализацијата, егоизмот, сексизмот, меркантилноста, профитерството, социопатијата, потрошуваштвото...поконкретно – за парцијализираното, некомплетно, осиромашено, на пати и крајно извитоперено, тажно „човекување“ на единката во современото пред сѐ наше, но и универзално општество. Расказ по расказ, во сѐ посилна и повпечатлива низа од сатирични доживувања и ситуации Османли ги гради своите книжевни согледби како светови на драстични растојанија колку од моралот, толку и од логичната реалност. Главни јунаци на оваа силна и енергична прозна книга се осамени личности препуштени на нивните судбини, карикатурално и живо насликани ликови, но и тревожни ситуации на современата општествена стварност кај нас, а во текот на слоењето на густиот наратив во најновата прозна книга на Османли, ќе се покаже, и во современиот, длабоко истравматизиран светски човек.

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]