Никеи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хесиод, Теогонија, Венеција, Гр. 464

Никеи (грчки: Νείκεα), односно Никеите, во старогрчката митологија биле божества на караницата. Прикажувани се како група зли демони на полпаките и судирите.

Митологија[уреди | уреди извор]

Според Хесиод Никеите ги родила Ерида по пат на партеногенеза, а според Хигин, тие се потомство на Етер и Геја.[1] На некој начин тие се споменуваат како причинители на караницата меѓу Океан и Тетија, кога Хера побрзала да ги смири, зашто не заборавила дека тие ја израснале.[2]

Толкување[уреди | уреди извор]

Според некои извори, Хесиод во својата „Теогонија“ ги спомнува Никеите (раздорот) и Филота (пријателството) како ознака за крајниот принцип на устројството на космосот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]