Невски Залив

Координати: 59°57′N 30°00′E / 59.950° СГШ; 30.000° ИГД / 59.950; 30.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Невскиот Залив на карта на поголемиот Фински Залив
Поглед на Невскиот Залив од плажата на Паркот на тристагодишнината на Санкт Петербург

Невски Залив (руски: Невская губа) или „Кронштатски Залив“ — најисточен дел на Финскиот Залив, сместен помеѓу островот Котлин и устието на реката Нева во градот Санкт Петербург, Русија. Зафаќа површина од 380 км².

Во подрачјето кон Балтикот е изградена брана што го двои заливот од морето и спречува поплавувања на градот и околината.[1]

Заливот го носи и неформалното име Маркизова Бара (Марки́зова лу́жа), наречена по поморскиот министер, маркизот Иван Иванович Траверсе (Жан Батист Прево де Сансак, 1754-1831), кој ги користел плитките води на заливот како погодно место за воени вежби на морнарицата.[2].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. рус. Комплекс защитных сооружений Санкт Петербурга от наводнений
  2. Маркизова лужаЭнциклопедия Санкт Петербурга

59°57′N 30°00′E / 59.950° СГШ; 30.000° ИГД / 59.950; 30.000