Невски Залив

Поглед на Невскиот Залив од плажата на Паркот на тристагодишнината на Санкт Петербург
Невски Залив (руски: Невская губа) или „Кронштатски Залив“ — најисточен дел на Финскиот Залив, сместен помеѓу островот Котлин и устието на реката Нева во градот Санкт Петербург, Русија. Зафаќа површина од 380 км².
Во подрачјето кон Балтикот е изградена брана што го двои заливот од морето и спречува поплавувања на градот и околината.[1]
Заливот го носи и неформалното име Маркизова Бара (Марки́зова лу́жа), наречена по поморскиот министер, маркизот Иван Иванович Траверсе (Жан Батист Прево де Сансак, 1754-1831), кој ги користел плитките води на заливот како погодно место за воени вежби на морнарицата.[2].
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ рус. Комплекс защитных сооружений Санкт Петербурга от наводнений
- ↑ Маркизова лужа — Энциклопедия Санкт Петербурга
![]() | Оваа статија место во Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |