Мики Петковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Миодраг Мики Петковски (роден во Скопје, 1951) — македонски рок и џез музичар. Член на Смак од Крагуевац, каде што доаѓа во 1976 г. да го замени Лаза Ристовски. Со нив во 1977 го снима „Црна дама“ — најуспешниот албум на групата.

Во 1979 и 1980 година го заменува Кокан Димушевски во Леб и сол, а подоцна свири и во групата Брег. Покрај клавир свири и виолончело на кое дипломирал кај познатиот Андре Навара. После тоа заминува во Чикаго па во Канада, каде што работи како професионален музичар.

Првиот соло албум „Ко зна“ издаден во 1979 е џез рок, а вториот Origins (2006) е категоризиран како World Fusion.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • „Ко зна“, 1979
  • Origins, 2006

Надворешни врски[уреди | уреди извор]