Меѓународна награда за мир за деца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународна награда за мир за деца
Мрежно местоhttps://childrenspeaceprize.org/ Уреди на Википодатоците


Меѓународната награда за мир за деца се доделува секоја година на дете кое дало значаен придонес во застапувањето на правата на децата и подобрувањето на состојбата на децата од ранливи категории, како што се сирачиња, деца-работници и деца со ХИВ/СИДА.[1]

Наградата е иницијатива на Марк Дулаерт, основач на Фондацијата „KidsRights“, меѓународна организација за помош и застапување на деца со седиште во Амстердам, Холандија.[2]

Победникот добива донација од 100.000 евра за корист на добротворен проект за деца, како и статуетка која е именувана како Нкоси во чест на Нкоси Џонсон. Статуетката е од дете кое турка топка, „покажи/покажувајќи како дете го движи светот“.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Архиепископот Дезмонд Туту доделувајќи ја Меѓународна награда за мир за деца на Неха Гупта во 2014 година.

Првата награда за мир за деца била лансирана во ноември 2005 година за време на Светскиот самит на нобеловците за мир во Рим, годишен состанок на добитниците на Нобелова награда за мир и меѓународни организации како УНИЦЕФ и Амнести Интернешнл. „Го поздравуваме лансирањето на наградата за мир за деца за време на нашиот самит“, се вели во завршната изјава на самитот.

Михаил Горбачов ја доделил наградата од 2005 година, која постхумно му беше доделена на Нкоси Џонсон, момче од Јужна Африка, кое го привлекло меѓународното внимание на децата со ХИВ/СИДА и го основаше домот „Рајот на Нкоси“ за ХИВ-позитивни мајки и деца.

Наградата од 2006 година ја доделил носителот на Нобеловата награда за мир, Фредерик Вилем де Клерк, на церемонија во Биненхоф, седиштето на холандскиот парламент во Хаг. 2007 година била претставена во Биненхоф од страна на Боб Гелдоф и носителката на Нобеловата награда за мир Бети Вилијамс. Наградата за 2008 година ја доделил Дезмонд Туту.[3]

Слични награди[уреди | уреди извор]

Меѓународна награда за мир за деца исто така е доделена иод Фондацијата деца како миротворци. Светската детска награда за правата на детето се доделува секоја година од шведската организација Детски свет. Институтот за економија и мир (ИЕМ) доделува Светска награда за мир за деца.

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „International Children's Peace Prize Archives“. Office of the Secretary-General’s Envoy on Youth (англиски). Посетено на 14 април 2021.
  2. 2,0 2,1 „The International Children's Peace Prize“. Kids Rights (англиски). Посетено на 14 април 2021.
  3. Theirworld (29 август 2019). „US teenagers who campaigned for safer schools win the International Children's Peace Prize“. Theirworld (англиски). Посетено на 14 април 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]