Метро станица Агиос Антониос
Општи информации | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Место | ул. П. Цалдари, Перистери Грција | ||||||||||
Координати | 38°00′22″N 23°41′59″E / 38.00611° СГШ; 23.69972° ИГД | ||||||||||
Стопанисувач | Statheres Sygkoinonies S.A. | ||||||||||
Линии | |||||||||||
Перони | 2 | ||||||||||
Колосеци | 2 | ||||||||||
Објект | |||||||||||
Вид градба | Подземна | ||||||||||
Нивоа на пероните | 3 | ||||||||||
Историја | |||||||||||
Отворена | 9 август 2004 | ||||||||||
Услуги | |||||||||||
|
Метро станицата Агиос Антониос (грчки: Άγιος Αντώνιος, македонски: Свети Антониј) ― метро станица на атинското метро.
Името го добила од блиската христијанска православна црква посветена на Свети Антониј. Оваа станица е во Перистери, најголемата општина во областа западна Атина. Таа била прва станица во областа и ги намали сообраќајните проблеми во Перистери. Пред станицата е авенијата Панаги Цалдари, една од важните авении на Перистери, која ја поврзува западна Атина со авенијата Кифису (до пристаништето Пиреја, јужните и северните предградија на градот и Државниот пат 1 до Ламија, Лариса, Солун, општо Северна Грција и Балканот) и средиштето на градот. На секои неколку секунди, автобуси и тролејбуси, таксиња поминуваат кон атинското средиште, Агии Анаргири, Илион, Петруполис, Хајдари, Егалео итн. Станицата Агиос Антониос има два излеза, еден од десната страна на улицата Панаги Цалдари, а другиот од левата страна. Таа е една од најсовремените и најтехнолошките станици на метро мрежата, откако стапила во функција во јули 2004 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]