Маквориски пингвин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маквориски пингвин

Маквориски пингвин (латински: Eudyptes schlegeli) е пингвин кој живее во водите околу Антарктикот.

Физички особини[уреди | уреди извор]

главата на макворискиот пингвин

Макворискиот пингвин расте од 65–76 cm и тежи 3-8 кг. Изгледаат како макаронските пингвин, но имаат бело лице и брада, за разлика од црните макаронски пингвини.

Размножување[уреди | уреди извор]

Маквориските пингвини се размножуваат само на островот Маквори. Тие се гнездат на плажи или оголени области на карпи покриени со трева. Како и повеќето морски птици, и макаворијските пингвини исто така живеат во колонии недалеку од морскиот брег. Сезоната за парење започнува во септември, а јајцата се полагаат најдоцна во октомври. Лежат две јајца, но обично само едно преживува. И мажјаците и женките лежат на нив вкупно околу 35 дена (тие се менуваат на секои 12 дена).

Кога младенчето ќе се испили, машкиот родител го чува околу 10-20 дена, а мајката ја носи храната. По овој период, двајцата родители бараат храна, додека младенчињата формираат колонии. По околу два месеци, младенчињата го напуштаат гнездото и обично се враќаат во колонијата заради парење по околу шест години.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Маквориските пингвини се хранат со крил, риби, а помалку со лигни. Малечките кои сè уште ги хранат родителите јадат 2 до 3 пати на ден.

Загрозеност[уреди | уреди извор]

Маквориските пингвини се сметаат за ранлив вид. Во минатото, тие се ловеле за нафта, кога владата на Тасманија помеѓу 1870 и 1919 година издала дозволи за нивен лов. Во овој период, просечно 150 000 пингвини (и кралски и маквориски) биле ловени на годишно ниво. Откако бил забранет нивниот лов на Маквори, бројот на пингвините од овој вид пораснал на околу 850.000 парови (по процените од 1984-1985 година)[1].

На копно, стаорците понекогаш ги напаѓаат нивните јајца и младенчиња. Успехот во репродукцијата може да биде намален заради вознемирување од страна на туристите и истражувачите. Морското загадување, особено поради случајно јадење пластичен отпад, исто така може да биде смртоносно за единки од овој вид.

Најголемата закана за маквориските пингвини, како и за пингвините воопшто, се климатските промени како резултат на глобалното затоплување и намалувањето на бројот на риби како резултат на масовното ловење риби во регионот на Антарктикот[1].

Име[уреди | уреди извор]

На македонски и српски јазик, овие пингвини го добиле името по островот Маквори каде што се гнездат. Меѓутоа нивното научно име го добиле по германскиот зоолог Герман Шлегел.

На англиски јазик овие пингвини се нарекуваат Royal penguins, што лесно доведува до забуна со кралските пингвини англиски: King penguins), па во англиската литература треба да се обрати внимание на оваа разлика.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Опис на видот на семрежното место birdlife

Надворешни врски[уреди | уреди извор]