Прејди на содржината

Лизгачки центар Алпенсија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лизгачкиот центар Алпенсија

Лизгачкиот центар Алпенсија (на корејски: 알펜시아 슬라이딩 센터) е патека за санкање, боб санкање и скелетон која се наоѓа во зимското одморалиште и скијачки центар Алпенсија во Јужна Кореја, кој се наоѓа во областа на Пјонгчанг. Овој простор ќе биде домаќин на натпреварите во санкање, боб санкање и скелетот за 2018 Зимските олимписки Игри.

Капацитетот на гледалиштето на објектот е 7,000 (од кои 1.000 седишта и 6,000 на стоење).[1] Патеката е долга 2,018 метри, со цел да се одбележи годината на одржување на Олимписките игри.[2] Неговата ширина изнесува 1.40 метри.

Лизгачкиот центар Алпенсија бил домаќин на натпревари од Светското Првенство во 2017 како тест настани за олимписките игри.

  1. „Olympic Sliding Centre : PyeongChang 2018 Venue“. Архивирано од изворникот на 2018-03-31. Посетено на 2018-02-18.
  2. „Daelim Bags Bobsleigh Track Construction Contract“. Архивирано од изворникот на 2017-12-08. Посетено на 2018-02-18.