Ламиел (филм)
Ламиел е француски филм од 1967 година. Главните улоги се на Ана Карина - француска глумица со данско потекло и Жан Клод Брили[1]. Режисер е Жан Аурел, а сценариото е на Жан Аурел и Сесил Сен Лоран.
Заплет
[уреди | уреди извор]Ламиел е млада селанка која ја штити докторот Санфан затоа што гледа дека ѝ претстои светла иднина.
Откако ќе ја увери војвотката Д Миосанс дека пати од мигрена заради високиот очен притисок, тој ќе ја внесе Ламиел во замокот на војвотката како читач(ка). А таму, во замокот, Ламиел сака да научи сè за љубовта. Затоа и му дава десет франци на еден фабрикант, за да ја научи. Но се разочарува. Синот на војвотката, кој е заљубен во неа, ја грабнува и ја води во Париз. А таму, Ламиел „умира“ од досада. Во пансионот каде што живее, го сретнува младиот гроф Добињи, необичен и пропаднат аристократ. Откако ќе му раскине на својот прв љубовник преку писмо, таа му станува љубовница на грофот. И понатаму за неа се грижи докторот Санфан и ја советува што да прави со животот.
„Позагрижен сум за Вашата отколку за сопствената судбина”, ѝ вели тој. Подоцна тој успева да издејствува да ја посвои стариот маркиз Д` Орпле. Па така, грофот Д`Обиње, кој и покрај двобојот за неа, досега не се осмелил да ја омажи, сега прифаќа неговото име да го носи една маркиза. Откако ќе се омажи за него, Ламиел има безброј љубовници. Љубовници има и тој. Хроничната болест на Ламиел и досадата повторно ја обзема.
Една ноќ, кај неа ќе влезе крадец. Таа му дозволува да земе сè што сака и му се препушта. А тој пак, Валбер, надалеку прочуениот разбојник, за неа ќе стане олицетворение на машкоста затоа што живее по работ и сонува „со отворени очи”. Работите ќе отидат дотаму што Ламиел ќе се појави во негово друштво во Операта. Мажот ѝ ќе ја убие, но не од љубомора, туку за да си ја зачува честа. А Ламиел ќе умре среќна затоа што со својата смрт успеала да му помогне на љубениот да ѝ избега на полицијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Dan Pavlides (2010). „Lamiel (1967)“. nytimes.com. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 5 May 2011.