Прејди на содржината

Кривопаланечка Каза

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кривопаланечка каза била каза во Македонија во состав на Отоманското Царство, третостепена административно-управна единица, која постоела во 19 век. Била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает). Центарот на казата бил во Крива Паланка, каде што престојувал османлискиот чиновник кајмакам. Географски ги опфаќала областите околу сливот на Крива Река, а покрај административниот центар, опфаќала 47 села. Кривопаланечката каза била една од најмалите кази во царството, а етнички една од најкомпактните, бидејќи во казата живееле речиси само Словени, а муслимани имало само во Крива Паланка, од кои речиси сите биле Турци.[1]