Димитрија Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитрија Поповски – Шкипер
Роден 1941
Скопје,  Кралство Југославија
Починал 21 јануари 2017
Скопје, Македонија Македонија
Занимање спортски работник

Димитрија Поповски – Шкипер ( 1941, Скопје - 21 јануари 2017, Скопје) — македонски пливачки тренер, професор и декан на Факултетот за физичка култура во Скопје, долгогодишен селектор на пливачката репрезентација на Македонија, истакнат член на Македонскиот Олимписки Комитет и пратеник во Македонскиот парламент.

Животопис[уреди | уреди извор]

Поповски е роден во Скопје во 1941 година. Завршил Факултет за физичка култура, доктор е по спортска медицина. Поповски бил член на Управниот Одбор и Спортскиот директориум на Македонскиот олимписки комитет, селектор на најдобрата македонска пливачка репрезентација како и на репрезентацијата на поранешна Југославија. Со македонските пливачи, бил учесник на 4 Олимписки игри и тоа во Барселона 1992, Атланта 1996, Сиднеј 2000 и Атина 2004. Тој се смета за творец на македонското пливање и тренер на најквалитетната генерација на пливачи од Македонија. Бил и универзитетски професор и Декан на Факултетот за физичка култура при УКИМ, а бил и пратеник во Македонското Собрание во два наврата 1991-1994 како член на Сојуз на реформски сили на Македонија[1] и 1994-1998 како пратеник на Либералната партија на Македонија[2]. Починал во Скопје на 21 јануари 2017 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]