Гесло
Гесло или мото[1] — фраза која формално ја опишува општата мотивација или намера на една општествена група или огранизација. Геслото може да биде на било кој јазик, но најчести се локалниот и латинскиот. Владите обично употребуваат гесла на домашниот јазик. Пример за геслото на локален јазик е македонското државно (и револуционерно) гесло: Слобода или смрт.
Хералдика
[уреди | уреди извор]Во хералдиката, геслото обично се истакнува на грбот, на лентата (на подножјето) под штитот или пак над челенката, како да речеме во шкотската хералдика. Пример за гесло на грб е геслото на кралскиот грб на Обединетото Кралство, кое гласи: Dieu et mon droit („Бог и моето право“).
Во англиската и шкотската хералдика мотата не се доделуваат заедно со грбот, туку можат да се додаваат и менуваат по желба.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Поретко се користат и поимите девиза, парола и крилатица.
- ↑ Innes-Smith, Robert (1990). An Outline of Heraldry in England and Scotland. Pilgrim Press. стр. стр. 14. ISBN 0-900594-82-9.
Mottoes are not necessarily heriditary and can be adopted and changed at will.
|