Дадилката Мекфи и Големата експлозија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дадилката Мекфи и Големата експлозија (англиски: Nanny McPhee and the Big Bang), познат и како Враќањето на дадилката Мекфи (англиски: Nanny McPhee and the Big Bang), е филм од 2010 година, во режија на Сузана Вајт, а според сценариото на Ема Томпсон и Кристијана Бранд. Главните улоги ги толкуваат: Ема Томпсон, Меги Гиленхал, Оскар Стир, Аса Батерфилд, Лил Вудс, Ерос Влахос итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува за време на Втората светска војна. На една селска фарма, Изабел Грин (ја игра Гиленхал) мора самата да се грижи за своите деца, како и за двете богати деца од Лондон, кои се нејзини роднини. Лошиот стрико Фил сака да ја продаде фармата и постојано врши притисок врз Изабел, а таа конечно попушта кога добива писмо дека нејзиниот сопруг-пилот (го игра Мекгрегор) исчезнал за време на една воздушна битка. На почетокот, двете разгалени деца од Лондон се однесуваат лошо, но дадилката Мекфи (ја игра Томпсон) успева да ги научи на убаво однесување. За среќа, благодарение на упорноста на децата и на помошта на дадилката Мекфи, се открива дека таткото останал жив, а лошиот стрико си го добива заслуженото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]