Википедија:Фотоловови 2020/Предлози/Општина Дебар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Барателот ќе треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи каде и што ќе фотографира, со кое превозно средство ќе патува, колку време ќе трае потфатот, колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука во врска со предлогот. Барањето ќе биде одобрено во оној момент кога истото ќе добие три гласа „За“ или најмалку две третини од вкупниот број на гласови во случај веќе да има три гласа „Против“ или „Воздржан“.

Ве молиме, напишете ги бараните информации за предлогот под соодветните поднаслови подолу.

Фотолов во Општина Дебар - фотолов на непосетените села, и знаменитости во градот Дебар кои не биле опфатени од страна на Викимедиината заедница.

Основни информации[уреди извор]

Место/места[уреди извор]

Дебар и дебарските села. Рутата во два правци е скоро 300 км, време на возење 5 ипол часа:

Скопје - Дебар - Бањиште - Хаме - Кривци - Селокуќи - Коњари -> Скопје.

Во зависност од теренот и временските услови најиделната тура би ги опфатила селата западно и северно од Дебар како и градот Дебар. Со 3-4 фотографии за секое село: селска чешма, училиште, панорамска фотографија, фотографија на сред село и сл. Ќе бидат фотографирани сите објекти од културно и историско значење во градот Дебар кои не се фотографирани досега а ќе се фотографираат и други објекти како градскиот стадион.

Траење[уреди извор]

Фотоловот ќе се изведе на 1 ноември, недела, 2020 година и ќе биде во времетраење од 10-12 часа.

Поединец или група (тогаш и бр. на членови)[уреди извор]

  • 44martin88 со опрема: фотоапарат Canon 7D Mark II со објективи: Tokina 11-16mm, Canon 18-135mm, Canon 50mm.

На турата во дебарскиот регион ќе ми се придружат едно или две лица.

Проценети трошоци[уреди извор]

Патувам со Даеву Матиз, на бензин и плин со што за гориво би потрошил околу 750 мкд. Трошоците за вода, доручек, освежување и ручек во Дебар би биле околу 900 мкд. Вкупните трошоци би изнесувале околу 1850 мкд.

Дискусија на заедницата[уреди извор]

Гласање[уреди извор]

  1. За  --Dandarmkd (разговор) 18:51, 5 октомври 2020 (CEST)[одговори]
  2. За  --Иван Ж (Иван Ж (разговор) 19:19, 5 октомври 2020 (CEST))[одговори]
  3. За --Инокентиј (разговор) 14:27, 7 октомври 2020 (CEST)[одговори]

Заклучок[уреди извор]

Одобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува.--Dandarmkd (разговор) 12:10, 2 ноември 2020 (CET)[одговори]

Напомена

Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учесникот задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Photohunt in the Municipality of Debar за да ги заведе сликите на правилно место. Пожелно е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.