Википедија:Викикамп Дихово 2018/Програма

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во продолжение е извршен детален преглед на програмата за Викикампот Дихово 2017.

Петок, 7 септември[уреди извор]

Вовед и запознавање[уреди извор]

Активноста опфатила воведување на учесниците на кампот со планираните активности и кратко претставување на секој од учесниците.

  • Вид на активност: групна дискусија.
  • Термин: 21:30-22:00.
  • Времетраење: 30 минути.

Што е Википедија?[уреди извор]

Активноста опфатила предавање за основите на Википедија. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Википедија, создавањето на корисничка сметка, најавувањето со постоечка корисничка сметка, начинот на кој се уредуваат страници, значењето на страниците за разговор, различните кориснички групи и прегледот на скорешните промени.

Сабота, 8 септември[уреди извор]

Уредување на Википедија[уреди извор]

Активноста опфатила работилница за уредување на статии за реки во Македонија. Работилницата содржела создавање на страница во неколку чекори, почнувајќи од отворање на образец за уредување, внесување на содржината на статијата, викифицирање на внесената содржина, додавање на наводи и користена литература, внесување на инфокутија, категоризација на статијата и завршувајќи со зачувување на статијата.

Работни групи: Истражување во Дихово[уреди извор]

Учесниците биле поделени во четири работни групи, кои спровеле теренско истражување во соседното село Љубојно:

  • првата група, предводена од Тони Ристовски, истражувала на тема „Архитектура“;
  • втората група, предводена од Марио Шаревски, истражувала на тема „Природа“;
  • третата група, предводена од Кирил Симеоновски, истражувала на тема „Археологија“; и
  • четврта група предводена од Цветко Неделковски, истражувала на тема „Земјоделство и храна“.
  • Вид на активност: теренско истражување.
  • Термин: 10:00-15:00.
  • Времетраење: 5 часа.

Ризница[уреди извор]

Активноста опфатила предавање за основите на Ризницата. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Ризницата, начинот на кој се подигаат фотографии и прегледот на подигнатите фотографии.

Подигање фотографии на Ризницата[уреди извор]

Активноста опфатила подигање на фотографиите направени за време на теренското истражување во селото Љубојно на Ризницата.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 17:00-19:00.
  • Времетраење: 2 часа.

Уредувачки маратон[уреди извор]

Активноста опфатила уредување нови статии на теми поврзани со теренското истражување во селото Љубојно и додавање на подигнатите фотографии во статии.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 20:00-22:00.
  • Времетраење: 2 часа.

Викидоџо[уреди извор]

Активноста опфатила организирање на играта Викидоџо на тема за уредување со согласност на самите учесници. Како тема за уредување била избрана пејачката Ерзана за којашто не постоела статија на Википедија на македонски јазик.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 22:00-22:30.
  • Времетраење: 30 минути.

Недела, 9 септември[уреди извор]

Википодатоци[уреди извор]

Активноста опфатила предавање за основите на Википодатоци. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Википодатоци, начинот на кој се создава и уредува предметна страница на Википодатоци.

Работни групи: Истражување во Дихово[уреди извор]

Учесниците биле поделени во две работни групи, кои спровеле теренско истражување во селото Брајчино со околината:

  • Вид на активност: теренско истражување.
  • Термин: 10:00-12:00.
  • Времетраење: 2 часа.

Подигање фотографии на Ризницата[уреди извор]

Активноста опфатила подигање на фотографиите направени за време на теренското истражување во селото Љубојно на Ризницата.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 12:00-13:00.
  • Времетраење: 1 час.

Уредувачки маратон[уреди извор]

Активноста опфатила уредување нови статии на теми поврзани со теренското истражување во селото Брајчино со околината и додавање на подигнатите фотографии во статии и уредување во Википодатоци.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 13:00-14:00.
  • Времетраење: 1 час.

Затворање на кампот[уреди извор]

Активноста опфатила завршно обраќање, групно фотографирање на учесниците, доделување признаници за учество (сертификати).

  • Вид на активност: групна дискусија.
  • Термин: 15:00-16:00.
  • Времетраење: 1 час.